Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во четвртокот дека САД вршат притисок врз Москва и дека голема отстапка од Русија е што таа не ја окупирала цела Русија. На прашањето какви отстапки понудиле Русите досега, Трамп одговори: „Запирање на војната. Запирање на окупацијата на целата земја, прилично голема отстапка“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа за време на средбата со норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе. Трамп додаде дека следните неколку дена ќе бидат „многу важни“ за мировните преговори меѓу Украина и Русија. Тој изјави дека врши „голем притисок“ и врз Русија и врз Украина да ја прекинат војната и рече дека „наскоро ќе ја завршиме“.
„Ние сме добри луѓе, но вршиме голем притисок од двете страни. Ќе ставиме крај на ова. Наскоро“, рече Трамп. Тој додаде дека не е лојален никому. „Јас сум лојален на спасувањето животи“, рече Трамп. Тој ја призна својата фрустрација од рускиот претседател Владимир Путин, но рече дека не го гледа рускиот напад врз Киев во средата вечерта како „пречка за мирот“. „Не ми се допадна она што се случи синоќа. Бевме среде разговори за мир, и беа испукани проектили“, рече Трамп, одбивајќи да прецизира со какви дополнителни санкции може да се соочи Русија.