Доналд Трамп уште еднаш ја изрази својата целосна доверба и поддршка на Илон Маск наспроти критиките што ги добива овој јужноафриканскиот тајкун кој се смести покрај американскиот претседател. Во сенката на падот на акциите на „Тесла“, кој е постојан во последните седум недели, бидејќи ги загубија сите свои придобивки откако Трамп се врати во Белата куќа, американскиот претседател на Truth Social објави: – Утре ќе купам нова „тесла“. – За републиканците, конзервативците и сите големи Американци, Илон Маск „презема ризици“ за да ѝ помогне на нашата нација и прави ФАНТАСТИЧНА РАБОТА! Но, радикалните леви лудаци, како што често прават, се обидуваат незаконски да ја бојкотираат „Тесла“, еден од најголемите светски производители на автомобили, и „бебето“ на Илон со цел да го нападнат и да му наштетат на него и на сето она за што се залага“, напиша Трамп првично и продолжи: – Тие се обидоа да ми го направат истото на изборите во 2024 година, но како испадна тоа? Во секој случај, утре изутрина ќе купам сосема нова „тесла“ како знак на доверба и поддршка за Илон Маск, навистина голем Американец. Зошто треба да биде казнет затоа што ги понудил своите огромни вештини за да помогне АМЕРИКА ПОВТОРНО ДА БИДЕ ГОЛЕМА???

Во понеделникот акциите на „Тесла“ паднаа за 15% на 222 долари, од 479,86 долари на 17 декември, при што Скај њуз објави дека акциите изгубиле 800 милијарди долари од неговата берзанска вредност во овој период, „износ што е речиси еднаков на економското производство на Полска“. Аналитичарите од Волстрит дури проценуваат дека за „Тесла“ најлошото допрва доаѓа, бидејќи многумина ја опишуваат акцијата како „силна школка“, карактеризација која ја даваат берзанските аналитичари, а означува драматичен пад на нејзината вредност.