Белата куќа вчера, на 14 април, објави дека замрзнува грантови во износ од 2,2 милијарди долари наменети за Универзитетот „Харвард“. Одлуката доаѓа поради одбивањето на еден од најпрестижните универзитети во светот да ги прифати барањата на администрацијата во рамки на борбата против „антисемитизмот“.
„Нарушувањето на образовниот процес на универзитетските кампуси во последниве години е неприфатливо. Малтретирањето на еврејски студенти е недозволиво. Заедничката работна група за борба против антисемитизмот објавува замрзнување на 2,2 милијарди долари грантови во наредните неколку години“, се вели во соопштението на американското федерално Министерство за образование.