Доналд Трамп го објави преименувањето на Денот на победата, кој се слави секоја година на 8 мај, во Ден на победата во Втората светска војна, а истовремено најави и втор Ден на победата за… Првата светска војна. „Направивме повеќе од која било друга земја, досега, во постигнувањето победнички исход во Втората светска војна… Никој не ни се приближи по сила, храброст или воена брилијантност, но ние никогаш не славиме ништо“, се жали американскиот претседател во објава на Трут Сошал.
„Многу од нашите сојузници и пријатели го слават 8 мај како Ден на победата, но ние направивме повеќе од која било друга земја, убедливо, во постигнувањето победнички исход во Втората светска војна. Го преименувам 8 мај во Ден на победата во Втората светска војна, а 11 ноември во Ден на победата во Првата светска војна. Ги добивме обете војни, никој не ни се приближи по сила, храброст или воена брилијантност, но никогаш не славиме ништо – тоа е затоа што повеќе немаме лидери кои знаат како да го прават тоа! Ќе почнеме повторно да ги славиме нашите победи!“