Откако со години се жалеше на тоа, Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се укинува ограничувањето на притисокот на водата во тушеви, велејќи дека „сака да води грижа за својата прекрасна коса“. „Тушевите веќе нема да бидат слаби и бескорисни. Јас сакам убаво туширање и да се грижам за мојата прекрасна коса. Според сегашните прописи, морам да стојам под тушот 15 минути за да ми се намокри косата, што е смешно“, кажа Трамп.
Наредбата на Трамп има за цел да ги смени мерките на ефикасност и зачувување на водата, што ги преземаа неговите претходници во Белата куќа, Џо Бајден и Барак Обама. „Трамп ќе ја заврши војната на Обама и Бајден против притисокот на водата и ќе ги направи американските тушеви повторно големи. Преголемата регулација ги задушува американската економија и личната слобода“, соопшти Белата куќа. Трамп му нареди на министерството за економија да го укине правилото на Обама и вратено од Бајден што го ограничуваше протокот на водата во секоја туш кабина на пазарот на 9,5 литри вода во минута. Ова всушност се однесува на сите уреди кои користат вода, како тоалети и машини за перење садови