„Фактот дека Министерството за одбрана добива подарок, Боинг 747, за да го замени 40-годишниот претседателски авион, и тоа во целосно јавна и транспарентна трансакција, толку многу ги вознемирува корумпираните демократи што инсистираат да платиме скапо за тоа“, рече Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social. Трамп потоа ги нарече претставниците на Демократската партија „губитници од светска класа“.
Американската телевизија ABC (ABC) претходно објави, повикувајќи се на неименувани извори, дека администрацијата на Трамп е подготвена да прифати подарок од кралското семејство на Катар – суперлуксузен џамбо џет „Боинг 747-8“ што ќе се користи како претседателски авион на Трамп, и дека се очекува веста за подарокот официјално да биде објавена оваа недела