Јавното препукување меѓу Доналд Трамп и Илон Маск доведе до огромни загуби на вредност кај американскиот претседател, а особено кај технолошкиот могул Иако на почетокот се сметаше дека само Маск ја платил цената, се чини дека американскиот претседател не излезе од спорот „неповреден“.
Како што пишува Аксиос, компанијата на Трамп, Трамп Медиа и Технолоџи Груп, изгуби осум проценти од својата вредност, што го намали богатството на американскиот претседател за 202 милиони долари.Меѓутоа, за да биде уште полошо, јавната расправија со поранешен соработник доведе до пад на вредноста на неговата криптовалута OfficialTrump. Вредноста на оваа криптовалута падна за 10 проценти, а загубата за Трамп се проценува на 900 милиони долари.
Меѓутоа, неговиот поранешен колега го извлече „подебелиот крај“. Акциите на Тесла паднаа за дури 14 проценти, бришејќи 153 милијарди долари од пазарната вредност на неговата компанија.Покрај тоа, акциите на конкурентите на вселенската компанија на Маск, SpaceX и нејзината сателитска подружница Starlink, пораснаа, додека на Tesla паднаа. AST SpaceMobile порасна за 7,5 проценти, додека комуникациската група EchoStar скокна за 17,4 проценти.
Маск и Трамп се скараа околу инсистирањето на Трамп за сеопфатна даночна реформа, која американскиот претседател ја нарекува „одличен и прекрасен закон“, додека Маск ја опишува како „одвратна гнасотија“.Сепак, американските медиуми велат дека објавата на Маск дека Трамп е на списокот на лица вмешани во случајот со Џефри Епштајн, осуден сексуален престапник и финансиер, кој е обвинет и за сексуална експлоатација на деца, ја уништи шансата за целосно помирување меѓу двајцата поранешни блиски соработници.