Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го пофали говорот на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на Минхенската безбедносна конференција и ја советуваше ЕУ „да биде повнимателна“, пренесе „Фокс њуз“.
„Тој одржа многу добар говор, всушност, многу брилијантен говор и Европа мора да биде внимателна“, рече Трамп.
Тој потсети дека Венс зборуваше за имиграцијата и го привлече вниманието на проблемите поврзани со неа во Европа. Наспроти острите реакции на негодување од говорот на Венс што денеска ги изразија европски претставници, Трамп рече дека смета оти говорот на американскиот потпретседател „бил добро прифатен во Европа“.