Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска, во врска со предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за директни преговори меѓу Москва и Киев, дека тоа ќе биде „потенцијално голем ден за Русија и Украина“.
„Помислете на стотиците илјади животи што ќе бидат спасени ако ова бескрајно „крвопролевање“ се надевам заврши.
Рускиот претседател Владимир Путин предложи Русија и Украина да одржат директни преговори, „без никакви предуслови“ на 15 мај во Истанбул, објавија руските медиуми.