Можно е САД да воведе санкции за Русија. Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека размислува за воведување нови санкции и царини против Русија по новите руски напади врз Украина ноќеска. „Со оглед на фактот дека Русија во моментов буквално ја ‘меле’ Украина на бојното поле, сериозно размислувам за широки банкарски санкции, санкции и царини против Русија додека не се постигне прекин на огнот и конечен мировен договор“, напиша Трамп. Тој ги повика двете страни да преговараат.
„До Русија и Украина – седнете на маса сега, пред да биде предоцна. Ви благодариме!“, порача Трамп. Наскоро во Ријад, американската и украинската делегација ќе имаат средба. Претходно, кога украинскиот претседател Володимир Зеленски ја посети Белата куќа, се скара со Трамп. Војната трае повеќе од три години.
foto The White House