Во изјава за новинарите пред да се качи во претседателскиот авион во Њу Џерси, Трамп рече дека се согласува со изјавата на американскиот секретар за финансии Скот Бесант од 29 април дека на САД не им е нужно потребен бум во текстилната индустрија, коментари што предизвикаа критики од Националниот совет на текстилни организации Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговата царинска политика е насочена кон промовирање на домашното производство на тенкови и технолошки производи, а не на патики и маици.
Во изјава за новинарите пред да се качи во претседателскиот авион во Њу Џерси, Трамп рече дека се согласува со изјавата на американскиот секретар за финансии Скот Бесант од 29 април дека на САД не им е нужно потребен бум во текстилната индустрија, коментари што предизвикаа критики од Националниот совет на текстилни организации.
„Не сакаме да правиме патики и маици. Сакаме да правиме воена опрема. Сакаме да правиме големи работи. Сакаме да користиме вештачка интелигенција. Искрено, не сакам да правам маици. Не сакам да правам чорапи. Можеме да го направиме тоа многу добро на други локации. Сакаме да правиме чипови и компјутери и многу други работи, како и тенкови и бродови“, рече Трамп.