„Да, можеби ќе го видам. Ќе го прашам како е“, рече Трамп пред да полета на самитот на НАТО.
Како што објави Политико еден ден претходно, Зеленски веројатно нема да го напушти Хаг со нови ветувања од западните партнери.Ова е потврдено со најновата изјава на унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто. Според него, министрите за надворешни работи на НАТО не донеле никакви одлуки во врска со Украина – „ниту за понатамошна поддршка ниту за нешто друго“.