„Навистина мислите дека ќе одговорам на тоа прашање?“ рече тој.Дали ќе ја нападнете иранската нуклеарна постројка и точно кога, господине, ќе нападнете?“
Тој додаде:„Не знаете дали воопшто ќе направам нешто. Не знаете. Можеби ќе го направам. Можеби нема.Тој вели дека „никој не знае што ќе направи“, но дека може да каже следново: „Иран има многу проблеми и сака да преговара“. „И им реков: „Зошто не сакавте да преговарате со мене пред сите овие смрти и уништувања? Зошто не дојдовте? Им реков на луѓето: зошто не преговаравте со мене пред две недели?“
Тој вели дека Иран му се обратил и дека „дури и предложиле да дојдат во Белата куќа“.„Имале лоши намери. Знаете, 40 години велат: смрт за Америка, смрт за Израел, смрт за секој друг што не го сакаат, каде било“, додаде тој.„Насилници. Беа како насилници на училишното игралиште. А сега веќе не се. Но, ќе видиме што ќе се случи“ порача тој.Тој исто така рече дека „ништо не е завршено додека не заврши“ и дека војната е „многу сложена“.„Не би рекол дека сме победиле во нешто“, рече тој. Но, би рекол дека сигурно постигнавме огромен напредок. И ќе видиме. Следната недела ќе биде многу важна. Можеби помалку од една недела, можеби порано“ смета Трамп.