Американскиот претседател Доналд Трамп денес ѝ честиташе на Полска за изборот на националистичкиот историчар Карол Навроцки за претседател на земјата. „Честитки Полска, избравте ПОБЕДНИК!“, напиша американскиот претседател на својата мрежа Трут Сошал.
Во исто време, тој го искористи насловот на телевизиската мрежа Њусмакс: „Сојузникот на Трамп победи во Полска, шокирајќи ја цела Европа“. Кандидатот на националистичката опозиција Карол Навроцки победи во вториот круг од претседателските избори во Полска, задавајќи удар на напорите на центристичката влада да ја консолидира проевропската ориентација на Варшава.