Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека Марк Брновиќ, поранешен јавен обвинител на Аризона – Американец со српско потекло и истакнат член на Републиканската партија – е избран за нов американски амбасадор во Србија.
„Задоволство ми е да објавам дека Марк Брновиќ ќе биде нашиот следен амбасадор на САД во Србија. Марк е горд ветеран на Националната гарда на армијата и претходно беше јавен обвинител на Големата држава Аризона. Како син на бегалци кои избегаа од комунизмот, Марк ќе биде силен поборник за слобода и секогаш ќе ја става Америка на прво место. Честитки, Марк“, напиша Трамп на неговата социјална мрежа.
Брновиќ на позицијата амбасадор во Белград ќе го замени Кристофер Хил, кој ја извршуваше функцијата до јануари годинава.