Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека трговските преговори со неколку земји, вклучувајќи ги Мексико, Јапонија и Кина, се во тек и ги оцени како продуктивни.
Според CNN, Трамп на мрежата „Truth Social“ напишал дека разговарал со претседателот на Мексико и со највисоките јапонски трговски претставници, додека Кина, како што наведе, е меѓу земјите кои сакаат средба со неговата администрација. Како што наведе, кинески извори велат дека се отворени за преговори, но со услови на меѓусебно почитување и реципроцитет.