Хамас претходно изјави дека е подготвен да ги ослободи преостанатите заложници во согласност со договорот за прекин на војната, додека Израел инсистираше дека конфликтот може да заврши само ако Хамас биде разоружан и расформиран.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека прекин на огнот во Газа може да се постигне следната недела.
– Мислам дека сме блиску до договор. Само што разговарав со некои од вклучените луѓе. Мислиме дека ќе имаме прекин на огнот следната недела“, рече Трамп.
Тој не даде дополнителни детали, оставајќи нејасно што стои зад неговата оптимистичка изјава.Медијаторите во Катар и Египет долго време работат на посредување за нов договор за прекин на огнот меѓу Израел и палестинската група Хамас. Како дел од таков договор, се очекува преостанатите заложници од Израел во Газа да бидат ослободени, а ќе бидат ослободени и многу палестински затвореници во израелските затвори.
Хамас претходно изјави дека е подготвен да ги ослободи преостанатите заложници во согласност со договорот за прекин на војната, додека Израел инсистираше дека конфликтот може да заврши само ако Хамас биде разоружан и расформиран. Хамас ги отфрла таквите услови.Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху вчера изјави дека исходот од конфликтот со Иран отвора можности за проширување на мировните иницијативи.Најмалку 56.331 Палестинец се убиени во војната на Израел во Газа од октомври 2023 година, соопшти Министерството за здравство на Појасот Газа.
Во соопштението се наведува дека во последните 24 часа, 72 тела биле доставени во болници, а дека 174 лица биле ранети, со што бројот на повредени од почетокот на нападот се искачи на 132.632.