Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Мексико нема да мора да плаќа царини за стоки опфатени со трговскиот пакт САД-Мексико-Канада (USMCA) до 2 април, јавува Би-Би-Си. Трамп не појасни дали суспензијата на тарифите се однесува и на Канада, но министерот за трговија Хауард Лутник претходно во четвртокот изјави дека се надева дека одложувањето ќе се однесува и на таа земја.
Ова е втор пат во една недела Трамп да ги одложи царините што самиот помпезно ги најави. Имено, тој во средата рече дека привремено ќе ги ослободи производителите на автомобили од увозни даноци од 25 отсто, ден откако ќе стапат на сила.