Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи веднаш по објавата на Кина дека утре ќе воведе дополнителни царини за стоки од САД.
„Ова е одлично време да ја преместите вашата компанија во Соединетите Американски Држави, како што тоа го прават Apple и многу други, во рекорден број. Нула царини и речиси моментални спојувања и одобрувања на електричната/енергетската енергија. Без одлагање. Не чекајте, направете го тоа сега“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.
Кина најави дека од утре ќе ги оданочува американските стоки со стапка од 84 отсто, што претставува зголемување за 50 отсто во однос на претходните кинески царини. Одлуката доаѓа откако Америка воведе дополнителни 50 отсто царини за кинески стоки претходно оваа недела. Ова уследи по две претходни мерки, од 34 проценти и 20 проценти, така што вкупната американска царина за кинескиот извоз од утринава изнесува 104 проценти. Трамп постојано кажува дека сака да го врати производството во САД.