Додека се одржуваше говорот на aмериканскиот потпретседател Џеј Ди Венс на Гренланд, се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп, кој им зборуваше на новинарите по церемонијата на полагање заклетва на американскиот јавен обвинител во Њу Џерси.
Трамп повтори дека САД треба „да ја вратат контролата врз Гренланд“ за „светски мир“. Потоа отворено се закани на Данска и на Европската Унија. -Се надевам дека ќе разберат дека ни треба Гренланд. Ако не сакаат, ќе мора да им објасниме. Дали мислите дека можеме без него? Не можеме – рече тој. Трамп нагласи дека „не се работи за мир за САД, туку за целиот свет“.