Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежи објави дека Индија и Пакистан се спогодиле на прекин на огнот.
-По долга ноќ разговори посредувани од САД, со задоволство објавувам дека Индија и Пакистан постигнаа целосен и моментален прекин на огнот- напиша Трамп. Претседателот додаде дека е задоволен и испрати пофалби до двете земји поради, како што вели, користењето на здравиот разум и интелегенција.