Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека очекува кинескиот претседател Си Џинпинг да ја посети Америка, без да даде временска рамка за тоа кога тоа би можело да се случи. Трамп им рече на новинарите на „Ер Форс 1“ дека е „можно“ САД и Кина да постигнат нов трговски договор, објави Ројтерс. Трамп рече дека разговарал со Кина за социјалната мрежа ТикТок, која е во сопственост на кинеската компанија БајтДенс, бидејќи САД се обидуваат да посредуваат во продажбата на популарната апликација.
Агенцијата наведува дека разговорот меѓу Си и Трамп се смета за клучен за потенцијалното олеснување или одложување на царините меѓу САД и Кина. Си последен пат ги посети САД во ноември 2023 година, негова петта посета на земјата, кога се сретна со тогашниот американски претседател Џо Бајден. Трамп минатата недела изјави дека разговарал со Си откако ја презеде функцијата, но не даде детали, пренесува Танјуг.