Володимир Зеленски е подготвен да се откаже од своите претензии кон Крим, изјави американскиот лидер Доналд Трамп по средбата со украинскиот претседател во Ватикан.
„Мислам дека е така“, одговори Трамп на прашањето на новинарите дали Зеленски е подготвен да се откаже од своите претензии кон Крим. Американскиот претседател изјави дека средбата со Зеленски поминала добро.
– Ми рече дека му треба повеќе оружје, но веќе три години вели дека му треба повеќе оружје. Ќе видиме што ќе се случи – рече Трамп. Во исто време, американскиот претседател смета дека Зеленски станал „помирен“ и позаинтересиран за постигнување мировен договор. Претходно во саботата, Трамп се сретна со Зеленски. Западните медиуми објавија фотографии на кои се гледа како двајцата седат на столчиња еден спроти друг во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан.