Американскиот претседател рече дека на САД им е потребен Гренланд, кој е контролиран од Данска, за „национална безбедност, па дури и меѓународна безбедност“. Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во своето обраќање пред Конгресот откри дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му испратил писмо во кое изразува подготвеност да преговара за мир и да го потпише договорот за минерали, пишува Гардијан. Трамп, исто така, рече дека бил во „сериозни разговори со Русија“ и тврди дека „добил силни сигнали дека тие се подготвени за мир“.„Зарем тоа не би било убаво? Време е да се запре ова лудило. Време е да се запре убиството. Време е да се стави крај на оваа бесмислена војна. Ако сакате да ставите крај на војните, треба да разговарате со двете страни,“ изјави Трамп.
Во истиот говор Трамп рече дека ќе добие контролата над Гренланд на било кој начин, додавајќи дека САД се подготвени да ги прифатат луѓето од данската територија. Тој ги бранеше неодамнешните надворешнополитички потези, вклучително и воведувањето нови царини против Мексико и Канада, кои премиерот Џастин Трудо ги нарече „многу глупава работа“ . Трамп тврдеше дека САД ќе го „повратат“ Панамскиот канал, и дека веќе почнал да го прави тоа. Американскиот претседател рече дека на САД им е потребен Гренланд, кој е контролиран од Данска, за „национална безбедност, па дури и меѓународна безбедност“. „Имам порака вечерва за неверојатниот народ на Гренланд. Ние силно го поддржуваме вашето право да ја одредите сопствената иднина. И ако изберете, ви посакуваме добредојде во Соединетите Американски Држави. Ќе ве заштитиме. Ќе ве направиме богати“ изјави Трамп. Извор: Новинска агенција МЕТА