Самитот ќе трае два дена, а се очекува доминантна тема да биде можноста за заедничка позиција меѓу САД и другите членки на групата, и покрај значителните разлики.
Новото лице на канадската политика, премиерот Марк Карни, кој е домаќин на настанот, дојде на власт во март, победувајќи со силна анти-Трамп реторика. По изборната победа на неговата Либерална партија, тој јасно изјави дека Канада нема да толерира американска агресивна политика.
Во претходните месеци, Трамп наметна царини за канадски производи и во неколку наврати предложи Канада да стане дел од САД, предизвикувајќи сериозен гнев кај канадската јавност. Карни за време на посетата на Вашингтон во мај рече дека „Канада е суверена и не е на продажба“. Трамп му одговори со: „Никогаш не кажувај никогаш“.Според програмата, Трамп и Карни ќе имаат билатерална средба денеска, пред почетокот на официјалните разговори со другите лидери на Г-7.