24.8 C
Скопје
13/06/2025 19:51
МАКТЕЛ

   

Трамп против Калифорнија – која е вистинската борба?

      

За што станува збор? За фактот дека локалните власти, било градски или државни, не соработуваат со федералните власти на полето и прашањето на имиграција. Калифорнија и Лос Анџелес особено се докажани следбеници на ваквата политика. Уште во 1979 година, врхушката на градската полиција го воведува „Special Order 40“ кој им забранува на полициските службеници да го утврдуваат имиграцискиот статус на одредена личност.Со испраќањето 4.000 војници од Националната Гарда и 700 маринци, претседателот Доналд Трамп го претвори Лос Анџелес, вториот по големина американски град, во воена зона против илегалната имиграција, ставајќи ја во тешка позиција локалната власт на Демократите, газејќи на граница на своите претседателски овластувања во Калифорнија, најбогатата сојузна држава во САД, пишува Ивор Мицковски во колумна за Дојче веле.

Така Лос Анџелес се претвора во воена зона и „Ground Zero“ во предизвикот со имигрантите, нешто што во реалноста почнува уште во мај месец, кога Трамп ги собира најтесните соработници предводени од Стивен Милер – архитектот на (анти)миграциските политики, за да се пожали дека и покрај серијата на апсења, квотата сѐ уште е прениска и премногу се далеку од целта „да се исфрлат 11 милиони имигранти“, ветена за време на изборите.

   

Бидејќи тоа ветување беше клучно за победата против Камала Харис на изборите, собирајќи гласови и меѓу демократите и малцинставата, себични да бидат последните „легални граѓани“ во земјата на можности. Затоа и Трамп толку настојува на ова прашање, според него поважно и од царините, кога станува збор за настроеноста на гласачите и претстојните „мидтерм“ избори.
Оттука, погрешно е судирите во Лос Анџелес и употребата на војската за стишување на домашните протести, авторитарното уназадување, па дури и намерата на Трамп да дефокусира од други проблеми, да се гледаат како клучни за тоа што се случува во Калифорнија. Влогот во играта е далеку поширок и поголем и клучот е токму во имиграцијата.

Вистинската цел е Калифорнија
Во суштина вистинската цел на Трамп и на властите е државата Калифорнија. Трамп и неговите сакаат да ги растурат правилата на „Golden State“ кои гарантираат заштита на имигрантите од депортација наредена од централната Влада. Односно, се оди против статусот на „град светилиште“ за имигрантите, врз основа на кој Калифорнија го изгради својот економски модел, создаде идеолошка алтернатива и улога на лидер во спротивставувањето и отпорот кон Трамп. Потоа, извршната власт сака да го соголи од авторитет Сакраменто кога станува збор за почитување на редот и поредокот, во духот на американскиот „law and order“. Судирот е помеѓу федералната Држава и федерализираната држава, во една чудна внатрешно американска геополитичка салса. Со висок потенцијал целото прашање да заврши пред Врхивниот суд.

Властите го одбраа Лос Анџелес како епицентар на борбата против нелегалните имигранти. На 2 април министерот за правда Пем Бонди го именува Билал „Бил“ Есајли за главен обвинител на централниот дикстрикт на Калифорнија, каде според официјалните проценки живеат околу милион и половина нелегални имигранти. Избраниот е млад адвокат, пратеник во парламентот на Сакраменто, муслиман со либанско потекло, опишан како ѕвезда во подем на републиканската партија во „Златната држава“.

Во средината на мај месец Есајли ја лансира операцијата „Guardian Angel“. Екипа на федерални агенти секојдневно ја следи листата на уапсени во централниот дистрикт со намера да пронајде луѓе за кои е издадена наредба за депортација. Во случај да се пронајде таков човек, Обвинителството испраќа федерална наредба за апсење со цел да го отргне поединецот од заштитата на државната полиција и да пристапи кон негова депоратација. Декларираната цел на операцијата е да се неутрализира државната политика на Калифорнија како заштитник или светилиште за бегалците.

За што станува збор? За фактот дека локалните власти, било градски или државни, не соработуваат со федералните власти на полето и прашањето на имиграција. Калифорнија и Лос Анџелес особено се докажани следбеници на ваквата политика. Уште во 1979 година, врхушката на градската полиција го воведува „Special Order 40“ кој им забранува на полициските службеници да го утврдуваат имиграцискиот статус на одредена личност. Во 1985-тата, општината Лос Анџелес го прогласува градот за „светилиште“ за лицата чие барање за азил било отфрлено од стана на федералните власти. Низ годините Лос Анџелес изгради систем според кој е забрането да им се помага на федералните власти на полето на имиграциска политика и во индивидуирањето и апсењето на имигрантите. Систем кој потоа ќе се прошири на територијата на целата држава од 2017-та година, кога гувернер е Џери Браун, како еден од првите акти на отпор кон тогашниот прв мандат на Доналд Трамп.

Имигрантите и криминалот
Таквите мерки и политики им дозволија на имигрантите да учестуваат на пазарот на трудот, каде речиси една третина од БДП на Калифорнија зависи токму од имигрантите, особено од оние легалните, им овозможува тие да плаќаат даноци кои се проценуваат на 8,5 милијарди долари само во 2022 година, и секако да имаат право на јавни услуги. Според критичарите, имигрантите придонесуваат и за порастот на криминал, каде поради либералните политики на демократите, голем број лица на кои теоретски им следува депортација, со години само влегуваат и излегуваат од затворите.

Потоа следуваа изборите во ноември 2024 година, колапсот на границата со Мексико, од каде се проценува дека влегле преку 11 милиони имигранти за време на мандатот на Бајден, и крах на имиграцискиот систем кој ги разбесни гласачите и придонесе за победата на Трамп на изборите. Оттука, не сите калифорниски политичари ја разбраа пораката. Токму општината Лос Анџелес во средина ноември го прогласи и официјално статусот на „град светилиште“ за имигрантите.

Уште еден предизвик кон централната власт од страна на парламентот на Сакраменто, доминиран од Демократите, беше одлуката и предлог законот да се забрани специфична соработка помеѓу државните и федералните власти кога станува збор за депортација на веќе осудени криминалци. Таквата одлука беше премногу и за демократскиот гувернер Гевин Њусом, кој иако се спротивставува на Трамп, јавно се закани со вето против одлуките на сопствената партија. Разбирливо, гувернерот планира да се кандидира за следните претседателски избори и не сака да си ја упропасти шансата, колку и таа да е мала, како еден од симболите на проблемите на калифорнискиот „way of life“.

Во меѓувреме, Трамп од депортацијата на имигрантите направи врвен приоритет на домашната политика. И покрај тоа, ритамот на депортации за властите не е задоволителен. Засега темпото е слично како од времето на Бајден, со околу 750 депортирани лица дневно. Трамп немаше доволно средства за повеќе, но сега, со новиот буџет и „The Big Beautiful Bill“ кој е во Сенатот, планира да го зголеми на 200 милијарди долари буџетот за Службата за имиграција и царина ИЦЕ, која спроведуваа рации на јавен простор за да најдат и депортираат нелегалните имигранти. Стивен Милер, главниот соработник на Трамп за имиграциските политики, се заканил со масовни отпуштања во ИЦЕ доколку не ги зголемат дневните квоти и не ги триплираат апсењата. Новата цел е 3.000 илјади луѓе дневно, милион годишно. Само минатиот вторник ИЦЕ апси преку 2200 лица, па наредниот петок уште 100 лица во само една рација. Така почнуваат протестите, доаѓа до влезот на војската и почнува новиот судир помеѓу Трамп и Калифорнија.

Антиимиграциската политика како оружје на Белата куќа
Што можеме да заклучиме од сето ова? Дека клучната политика на светските и американските десничари и конзервативци, нешто што го идентификува новото десничарење и сувернизам е токму имиграциската политика. Од Орбан до Трамп, од десницата во Европа, до онаа во Америка, клучот на тоа да се биде сувернист и конзервативец денес е да се настапува строго кон прашањето на границите и имигрантите. Трамп воедно гледа дека токму на имиграциската политика може да го поврати изгубениот консензус околу економијата, да ги стави во тесно либералните противници во Конгресот, и да си отвори простор за републикански гувернер во Калифорнија, за кој ќе се гласа токму на „мидтерм“ изборите.

Воедно, бидејќи токму градовите и засебните држави на Америка, заедно со правосудството, се најголемиот и најефикасниот контрапункт на централната и федерална власт, токму на антиимиграциските политики, демонстрацијата на сила врз Лос Анџелес и Калифорнија, е најдоброто оружје на Белата куќа во напорот да ја намали силата и автономијата на локалните власти во рамки на федералната Унија.Оттука, целото сценарио е со цел да се забрза изборната кампања на Трамп, да се стават во тесно либералните и прогресивни сили, да се издигне Америка до симбол во неуморната борба против антиимиграциските политики, нешто што е главна тема во сите индустриски развиени демократии, почнувајќи од Европа.
Потоа ќе следува и одлуката на Врховниот суд. Доколку одлучи против Трамп, само ќе го забрза судирот помеѓу извршната и судската власт. Доколку одлучи во негова полза, моќта на претседателот енормно ќе се зголеми.
ИВОР МИЦКОВСКИ, ПЛУСИНФО.МК

   

Најново

Без мигранти ЕУ ќе го обере бостанот

Sase Ivanovski

ВАКА ИЗГЛЕДА НОВИОТ ПАТ ОХРИД-СВЕТИ НАУМ Нов асфалт, нови огради и проширувања на коловозот

Sase Ivanovski

ПИЈАН МОТОРЏИЈА ПРЕГАЗИЛ 9-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ВО РАДОВИШ Полицијата го уапси, детето е тешко повредено

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛ СО НАД 200 АВИОНИ ГО НАПАДНА ИРАН Убиени тројца генерали, офанзивата продолжува

Sase Ivanovski

ИРАН ПРЕТРПЕЛ ГОЛЕМА ШТЕТА?! Израелските напади сериозно го оштетиле нуклеарниот објект во Натанз

Sase Ivanovski

32 АВИОНИ БИЛЕ ПРЕНАСОЧЕНИ КОН КИПАРСКИ АЕРОДРОМИ Крајна дестинација им бил Израел

Sase Ivanovski

АВИОНОТ НА НЕТАНЈАХУ СЛЕТА ВО АТИНА Дали израелскиот премиер бара засолниште во Грција?

Sase Ivanovski

СЕ ЧЕКА ОДМАЗДА ОД ИРАН – ИЗРАЕЛЦИТЕ ВО ПАНИКА ГИ ПРАЗНАТ ПОЛИЦИТЕ ЗА ХРАНА И ЗА ВОДА Болниците отпуштаат пациенти, се спремаат за жртви

Sase Ivanovski

ПОДОБРО ДА СЕ СПРЕЧИ, ОДОШТО ДА СЕ ЛЕЧИ Зошто Израел токму сега го нападна Иран?

Sase Ivanovski

СИЛНОТО ПАРТНЕРСТВО СО УНГАРИЈА Ѝ НОСИ ОГРОМЕН БЕНЕФИТ НА МАКЕДОНИЈА Сијарто и Муцунски ќе потпишат важен стратешки договор

Sase Ivanovski

ПОРАДИ ДРУГИ ЧЕКАТЕ 20 ГОДИНИ Сијарто нагласи дека Македонија има малку поддржувачи во Унијата

Sase Ivanovski

НЕКОЈ НА МАТКА ЌЕ МОЖЕ ДА СИ РАЗМЕНИ СТРУЈА СО НЕКОЈ ВО АЕРОДРОМ Еве зошто инвестирањето во панели и во батерии ќе стане лесно и исплатливо

Sase Ivanovski

СДСМ: Зошто се штити оној кој ја дал наредбата за затворање на вратата на дискотеката ,,Пулс”?

Sase Ivanovski

Дино Мерлин ќе донесе неколку милиони евра приход за Штип: Најавено е мега шоу во септември!

Sase Ivanovski

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ поддржува една изборна единица

Sase Ivanovski

Јанев: Со дигитализацијата е зголемена бројката на откриени бегалци барани со потерници на граничните премини

Sase Ivanovski

Од четврти до шести јули на стадионот во Штип ќе се одржи The festival, и најавено е гостување на околу 30 познати музички имиња – Бесплатен влез и хуманитарни билети од 1.500 денари за Кочани на The Festival: Архангел, Мизар, Фолтин и Кирил Џајковски помеѓу десетиците гости!

Sase Ivanovski

Татко од Куманово си ја силувал малолетната ќерка

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра

Sase Ivanovski

СО ПАМЕТНИТЕ БРОИЛА ЌЕ ЗАБОРАВИМЕ НА ПАУШАЛИТЕ Што точно добиваме како потрошувачи со новиот закон за енергетика?

Sase Ivanovski

Грузија продолжува со апсења на водечки опозициски фигури – Ника Гварамија во притвор до девет месеци

Sase Ivanovski

ФЛЕКС КРЕДИТ ПРИСУТЕН И ВО ЦРНА ГОРА Компанијата отвори ново поглавје во работењето

Sase Ivanovski

ИЗНЕНАДУВАЧКИ ПОТЕГ НА ВУЧИЌ Српскиот претседател ја посети Украина прв пат по избувнувањето на војната

Sase Ivanovski

ДАНЕЛА БЕСНО ЗАПУКА ПО ЈОЦИ И ПО ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ „Да завршам со Висар Ганиу во Чаир, па ќе дојдам во Кисела Вода“

Sase Ivanovski

Битиќи до Кочоска: Колкав е реално јавниот долг на државата после историското задолжување?

Sase Ivanovski

Општина Аеродром е без струја поради пожар, седум противпожарни возила се на терен

Sase Ivanovski

Полицаец возел пијан, пресекол полна линија и се заканувал на возач, заработи кривична пријава

Sase Ivanovski

За неуспехот на евроинтегративната политика во 2024 и 2025 е виновна оваа Влада

Sase Ivanovski

И се заканил со пиштол на вработена во тобако во Кавадарци и и го земал дневниот промет

Sase Ivanovski

СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се обиде да ја релативизира одговорноста на актуелните функционери

Sase Ivanovski

Изгорел „Пасат“ во Бардовци, огнот зафатил уште еден автомобил

Sase Ivanovski

Дејан Мираковски реизбран за ректор на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“

Sase Ivanovski

Пензионер е тешко повреден во Свети Николе, сограѓанин го прегазил со автомобил

Sase Ivanovski

Бугарско приморје: Млада девојка избоде тројца мажи во ресторан во Сончев Брег

Sase Ivanovski

Се судриле мопеди во Битола, три деца се повредени

Sase Ivanovski

Трагедија во Грција: Потврдена мозочна смрт кај две деца што паднаа во реката Арахтос

Sase Ivanovski

Мито, негрижа, фалсификати и среброљубие: За пожарот во „Пулс“ обвинети 34 физички лица и 3 фирми

Sase Ivanovski

Пуштен патот од Охрид до Св. Наум, обновени 24,4 километри

Sase Ivanovski

За невладиниот сектор високиот праг е акт на страв

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова: Ако ми е мене редот, не е проблем да разговарам и со премиерот Жељазков

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ ПРИЛЕП: Борче Јовчевски им го направи кошмар животот на Прилепчани

Sase Ivanovski

Битиќи до Кочоска: Фирмите страдааат, кога ќе обезбедите поврат на ДДВ кон сите компании?

Sase Ivanovski

Џамбаски повторно бара вето: „Срам и предавство“ е што бугарската Влада не го санкционира тоа што се случува во Македонија

Sase Ivanovski

РСЕ: Влегува ли Македонија во игра за депортација на мигранти од САД?!

Sase Ivanovski

Силјановска Николиќ: Вишиот управен суд потврди картел на веледрогериите АД Д-р Пановски и Фарма Трејд, следува институционална координација

Sase Ivanovski

Дозволиле активирање на пиротехниката“, осомничените 13 полицајци се однесени во суд

Sase Ivanovski

За фалсификатот лиценци за „Пулс“, државен службеник побарал и зел 226.000 денари од сопственикот

Sase Ivanovski

Беким Незири и Дритон Кучи се министрите за кои е запрена постапката за Кочани

Sase Ivanovski

(ИНТЕГРАЛНО) Обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“, 34 физички и три правни лица се товарат за тешки дела против општата сигурност

Sase Ivanovski

Герасимовски: Граѓаните со големи пофалби за новоизградената градинка Пролет

Sase Ivanovski

Кина ги предупреди своите граѓани во Иран и Израел за потенцијални напади

Sase Ivanovski

Херцог повторно со религиска реторика ги правда нападите: Израел има исконско право и света должност да се брани

Sase Ivanovski

Муцунски: Нашиот пат кон ЕУ треба да стане предвидлив, не смееме да дозволиме да бидеме понижени

Sase Ivanovski

Годишно по 20 македонски студенти ќе добиваат стипендии за студии во Унгарија

Sase Ivanovski

Муцунски и Сијатро потпишаа Договор за стратешко партнерство помеѓу Македонија и Унгарија

Sase Ivanovski

Меџити: Блокирани вкупно 226 страници за онлајн коцкање

Sase Ivanovski

Ќе се обновуваат дел од сервисните улици на булевар Јане Сандански

Sase Ivanovski

УЈП: Угостители, трговци и вршители на дејност да го регистрираат готовинскиот промет и да издаваат фискални сметки

Sase Ivanovski

Две трансплатации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ

Sase Ivanovski

Пијан радовишанец со мопед удрил во деветгодишно девојче

Sase Ivanovski

Ваучерите за образование на возрасни се успешна алатка за зголемување на конкурентноста

Sase Ivanovski

Почнува уписот во средните училишта – од утре прво електронско пријавување во јуни

Sase Ivanovski

СДСМ бара оставки и кривична одговорност од Јанев и Тошковски за пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Исчезнат е штипјанецот Владимир, семејството со апел до граѓаните за каква било информација

Sase Ivanovski

Пазарџиите немаат дерман од „лепливите прсти“ на муштериите, бадем и маслинка за проба, овошка в џеб и отиде дневниот пазар

Sase Ivanovski

Министерството за надворешни работи во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи

Sase Ivanovski

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во работна посета на земјава

Sase Ivanovski

ФОТО: Архиепископот Стефан со црковна делегација на прием во Руската амбасада

Sase Ivanovski

Британскиот кредит и инфлацијата: Владата ветила 139 мерки за подобар живот – реализирала 18

Sase Ivanovski

СДСМ ја поздравува акцијата на ОЈО ГОК за Кочани

Sase Ivanovski

Пентагон подготвен за евентуална инвазија на Гренланд, потврди Хегсет во Конгресот

Sase Ivanovski

Автократскиот популизам

Sase Ivanovski

Грузиски активист осуден на четири и пол години затвор по учество во проевропски протест

Sase Ivanovski

Мицковски – На Сиљановска и е редот да оди во Хаг,јас бев во Вашингтон. Бугарија прави егзибиции наместо Радев го праќа Жељазков и средбата „виси“

Sase Ivanovski

Не реков само за Османи туку и за Ковачевски, Маричиќ и Пендаровски. Мицковски ретерира

Sase Ivanovski

Не реков само за Османи туку и за Ковачевски, Маричиќ и Пендаровски. Мицковски ретерира

Sase Ivanovski

Апасиев: Сите уапсени полицајци се наведени во кривичната пријава која ја поднесовме против Мицкоски

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова во Хаг би се сретнала и со Желјазков ако има таква подготвеност од негова страна, велат од нејзиниот кабинет

Sase Ivanovski

ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД КОЧАНИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО ПУЛС!

Sase Ivanovski

Кој беше убиен во израелскиот напад врз Иран? Воени команданти, нуклеарни научници…

Sase Ivanovski
Вчитувам....