Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека верува оти Русија веројатно немаше да ја нападне Украина доколку сè уште беше членка на групата седум најразвиени земји – Г7. На состанокот за Светското првенство, што ќе се одржи во Соединетите Американски Држави следната година, Трамп рече дека мисли дека гласањето за излегувањето на Русија од Г7 е „многу глупава одлука“, пренесе Си-Ен-Ен.
„Тоа е група луѓе кои седат околу масата. Јас го направив тоа многу пати со нив и ги запознавате. Да беше Г8, ако Русија беше во него, мислам дека веројатно немаше да ја имаме оваа смешна, смртоносна војна сега“, рече Трамп, мислејќи на војната во Украина.