Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп се пожали на социјалните мрежи за лицето кое преговарало за договорот што и дозволува на Канада да испорачува струја на САД, каде подоцна се покажа дека тој го направил договорот. Имено, среде војна со царини и тарифи со Канада и премиерот на Онтарио, Даг Форд, кој во вторникот ја суспендираше доплатата на струја од 25 проценти за три американски сојузни држави, Трамп беснееше на социјалната мрежа „Трут социјал“. „Зошто нашата земја би дозволила друга земја да нè снабдува со електрична енергија, дури и за мала област? Кој ги донесе тие одлуки и зошто?, претседателот Трамп побара одговор.
Договорот на сила уште од 2018 година кога Трамп беше на власт Според Телеграф, одлуката за одржување на слободниот проток на електрична енергија преку границите всушност била дел од Договорот САД-Мексико-Канада (USMCA) за кој Трамп преговарал во ноември 2018 година за време на неговиот прв мандат. Законот подоцна беше потпишан во јануари 2020 година. Трговскиот договор го замени Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА), кој Трамп во тоа време го нарече „кошмар“.
America’s great USMCA Trade Bill is looking good. It will be the best and most important trade deal ever made by the USA. Good for everybody – Farmers, Manufacturers, Energy, Unions – tremendous support. Importantly, we will finally end our Country’s worst Trade Deal, NAFTA!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) December 10, 2019
„Големиот американски трговски закон USMCA изгледа добро. Тоа ќе биде најдобриот и најважниот трговски договор што САД некогаш го направиле“, се пофали Трамп на Твитер, сега X, во декември 2019 година. „Добро за сите, земјоделците, производителите, енергијата, за синдикатите е огромна поддршка. Важно е дека конечно ќе ставиме крај на најлошиот трговски договор на нашата земја, НАФТА! Инаку САД и Канада тргуваат со електрична енергија повеќе од 100 години.
Договорот за кој преговараше првата администрација на Трамп има намера „целосно да ја ажурира, модернизира и балансира НАФТА за да одговори на предизвиците на економијата на 21-от век“, според владиниот информативен лист за договорот објавен во тоа време. Администрацијата тврдеше дека ќе им овозможи на американските работници, земјоделци, сточари, компании и бизниси да „споделат во придобивките“ од договорот. Соопштението за печатот на Белата куќа од 29 јануари 2020 година го пофали договорот како „историска победа за американските работници“. „USMCA е најголемиот, најзначајниот, најмодерниот и најбалансиран трговски договор во историјата“, рече Трамп во официјалната изјава, додавајќи: „Сите наши земји ќе имаат голема корист“. Деновиве истиот договор Трамп сам го критикуваше кој всушност тој се залагаше да биде донесен.