Американскиот претседател Доналд Трамп денес ѝ се закани на телефонскиот гигант „Епл“ со царина од 25 проценти доколку не ги произведува своите „Ајфон“ уреди во САД, пренесува „Си-ен-ен“.
-Одамна го информирав Тим Кук од „Епл“ дека очекувам нивните „Ајфони“ да се продаваат во Соединетите Држави, да бидат произведени и склопени во Соединетите Држави, а не во Индија или било каде на друго место- напиша Трамп на својата мрежа „Трут Соушл“. Според него, ако тоа не се случи, Епл ќе мора да плати царини во Соединетите Држави од „најмалку 25 проценти“. Компанијата Епл, пак, работи на диверзификација на своите производствени капацитети во последните години. Дел од производството на телефоните веќе е преместено во Индија, а извршниот директор Тим Кук им рече на инвеститорите претходно овој месец дека очекува „поголемиот дел од Ајфоните што се продаваат во САД ќе ја имаат Индија како земја на потекло“, објави Си-Ен-Ен. Трамп, според неговите зборови, веќе директно побарал од Тим Кук да го запре проширувањето на производството во Индија и да се фокусира на инвестиции во САД.
-Вчера имав мал проблем со Тим Кук. Му реков: „Брате, се однесував многу добро со тебе. Доaѓаш тука со 500 милијарди долари, а сега слушнав дека градиш низ цела Индија. Не сакам да градиш во Индиј- рече Трамп. Претседателот Трамп се осврна на ветувањето на „Епл“ да инвестира 500 милијарди долари во САД, кое беше објавено во февруари..