Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата одби да ја отфрли можноста за воена сила во неговата кампања за преземање на Гренланд, велејќи дека има обврска да обезбеди сопственост на данската територија која постојано ги отфрла неговите обиди. Еден ден откако високи функционери од неговата администрација, вклучително и потпретседателот Џеј Ди Венс, ја посетија американската воена база на островот, Трамп во интервју за NBC News потврди дека „апсолутно“ разговарал за анексија на Гренланд. Ќе го земеме Гренланд. Да, сто проценти“, рече Трамп, пренесе NBC.
За време на неговата посета во петокот, Венс остро ја критикуваше Данска, обвинувајќи ја дека заостанува во безбедносните инвестиции и со тоа го остави Гренланд изложен на можни инвазии од Русија и Кина. Тој го повика народот на Гренланд да се отцепи од Данска за да овозможи „разговори“ меѓу САД и островот за потенцијално преземање. Трамп ја повтори својата посветеност на идејата САД да ја преземат контролата врз островот, но додаде дека постои „добра можност“ да се постигне тоа без воена интервенција. „Не, никогаш не исклучувам воена сила. Но, мислам дека има добри шанси да го направиме тоа без неа“, рече Трамп.