Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, што ја нарековме „Бистро-Матно“.
Следењето на овие случаи има голем одзив, како во јавноста, така и меѓу домашните и странските институции и со текот на времето прерасна во релевантен алтернативен барометар на корупцијата и на волјата на државата да се справува со овој проблем. На овој начин, сите заедно придонесуваме за поголема свест за овој проблем во општеството во целина. Транспаренси Интернешнл-Македонија во прилог испраќа Соопштение во врска со “бистри” и “матни” случаи кои беа актуелни во месец февруари 2025 година, истото можете да го видите и на следниот линк: https://transparency.mk/2025/03/04/barometar-na-korupcija-za-mesec-fevruari-2025-godina/