24.8 C
Скопје
01/07/2025 21:31
МАКТЕЛ

   

Транспарентноста на конец: Тежок пат до целосно објавување на вистинските сопственици на фирми кои добиваат тендери

      

Транспарентноста при јавните набавки може да е клучна алатка при сузбивањето на корупцијата и зголемување на довербата во институциите. Најверојатно звучи познато веста дека фирма склучува договор за јавна набавка, а нејасно е кој е всушност вистинскиот сопственик. Дали станува збор за фирма која навистина ги исполнува критериумите и е најсоодветна за изведбата на потребната задача или пак тендерот е добиен само поради блиски политички или бизнис релации меѓу власта и вистинскиот сопственик?

Патем, со вакви примери македонската јавност се соочува често, а еден од најеклатантните примери е мистериозната фирма Ексико, која уште во 2013 година се најде во првите 20 на листата 200 најуспешни компании во С.Македонија, а до ден денес е непознато кој всушност стои зад таа компанија. Нејзиното сопствеништво почнува од даночниот рај Белизе, преку САД, а завршуваше во Лугано, Швајцарија. Ексико се јавуваше како купувач на вредно земјиште на Водно од вкупно четири и пол илјади квадратни метри, индиректно фигурираше и во сопственичката структура на хотелот „Ибис“, се јавуваше како акционер во голем број компании, земјоделски комбинати, млекарници и градежни компании вклучени во проектот Скопје 2014. Се поврзуваше со големи моќници од тогашните владејачки структури и бизнис елитите, но остана мистерија кој всушност раководи со оваа компанија.

   

За да се промени ова, од клучно значење беше најавата за воспоставување Национален регистар на вистински сопственици, во 2021 година.

„Пред да се установи Националниот регистар на вистински сопственици, вистинските сопственици се криеја така што како сопственици на фирмите се јавуваат други фирми, без притоа воопшто да фигурираат какви било имиња. Натаму, како основачи на фирми се јавуваат адвокати и други посредници или акционерско друштво во кое може да има стотици и илјадници сопственици, иако, некој, крајно ги контролира и тие фирми“, вели Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации, кој 20 години се занимава со мониторинг на институциите.

Герман Филков | Фото: Лична архива

Но, и покрај воспоставувањето на регистарот, според извештајот „Процена на доброто владеење на извршната власт во Северна Македонија и во регионот преку Индексот на отвореносто“ на Фондација Метаморфозис, неисполнет останува индикаторот за транспарентноста при објавување на вистинските сопственици на понудувачите и фирмите што склучиле договор со институциите во постапките за јавни набавка.

„Се повторува препораката за потребата јавно да се објават вистинските сопственици на фирмите што склучиле јавни набавки на електронскиот систем за јавни набавки, со што ќе се спречува корупцијата, значително ќе ја намали злоупотребата на понудите за јавни набавки и ќе послужи да обезбеди фер конкуренција помеѓу понудувачите, а која како мерка е предвидена и во петтиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт (2021 – 2023)“, стои во извештајот на Метаморфозис.

Еден од главните предизвици со Националниот регистар е тоа што информациите во него не се лесно достапни. Тие не можат да се преземат директно онлајн, туку „по електронски пат преку Интернет Дистрибутивен систем и систем за е-потврди или на шалтерите во Централен регистар“. Податоците кои се запишани во Регистарот на вистински сопственици веднаш и без надомест им се достапни на Управата за финансиско разузнавање, судовите и субјекти кои имаат овластување да го користат електронскиот систем на Централниот регистар, но само ако тоа се однесува во делот на нивните надлежности. На фирмите и на физичките лица овие податоци им се достапни само во согласност со воспоставената тарифа и единствено во вид на информација.

Па така на пример, податоците од Регистарот за име и презиме, месец и година на раѓање, државјанство, земја на престој, сопственички удел или друга форма и вид на сопственост или контрола, се достапни доколку се поднесе Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, процес кој може да трае со недели. Во други земји од регионот, овие информации се целосно достапни онлајн и се достапни за време на целиот тендерски процес.

Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, предвидува дека вистински сопственик на една компанија е: 1) Физичкото лице кое крајно го поседува или го контролира правното лице преку директна и/или индиректна сопственост на доволен процент од уделите; 2) Физичко лице кое има висока управувачка позиција во правното лице, односно кое со закон и интерните акти е овластено да управува и е одговорно за работењето на правното лице.

Индикатор на директна сопственост, пак, според законот, е сопственоста на над 25% од уделите, правата на глас или други права во правното лице или сопственоста на 25% плус една акција. Индикатор на индиректна сопственост е сопственоста или контролата на физичко лице над едно или повеќе правни лица кои поединечно или заедно имаат над 25% од уделите или 25% плус една акција.

„Обврска да се пријави како вистински сопственик имаат оние сопственици кои поседуваат повеќе од 25 отсто од фирмата. Тоа значи дека голем дел сопственици, повторно, не фигурираат и не можат да се откријат. Во некои истраги е можно од одредена фирма да се побараат и имињата на оние коишто поседуваат и помали удели од 25 отсто, но тоа им е оневозможено на новинарите и на граѓанските организации, кои пак се важен чинител во борбата против корупцијата. Дополнително, не се проверува веродостојноста на податоците за вистинските сопственици што ги пријавуваат фирмите, освен во некои истраги и случаи“, посочува Филков.

Друга стратегија со која вистинските сопственици на една фирма си ги „бришат“ своите траги е преку вклучување на членови од семејството како сопственици. Можно е тројца членови на едно семејство да поседуваат по 24 отсто, што заедно е 72 отсто од една фирма, со што ниту едно од овие три лица нема да фигурира како вистински сопственик. Филков објаснува дека ваква злоупотреба на законот во земји како Словачка се регулира со тоа што семејната поврзаност се смета за еден удел, односно случаи како претходно наведениот би морале да се пријават како еден вистински сопственик.

Партнерството за отворена власт (ПОВ) e доброволна меѓународна иницијатива започната од осум земји во 2011 година. Република Северна Македонија веднаш по започнувањето стана дел од оваа глобалната инцијатива во рамките на која Владите и граѓанските организации се залагаат за Влади кои се поотворени и поодговорни кон граѓаните. Основната цел на ПОВ e да обезбеди конкретни заложби од владите за промовирање на транспарентност, поддршка на граѓанското учество, борба против корупцијата и искористување на новите технологии во јавната администрација и надвор од неа со поддршка на иновациите.

Во земјава досега се имплементирани пет национални акциски планови, а во моментот е почната реализацијата на шестиот акциски план кој содржи 15 заложби во чија реализација еднакво учествуваат државните институции и претставници на граѓанското општество. Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт го координира и зајакнува гласот на граѓанските организации кои се залагаат за партиципативност, отвореност и отчетност на властите, а тука секако спаѓа и јавното објавување на вистинските сопственици.

„Досега, воспоставување на ваков механизам во РСМ не беше можен, поради непостоењето на Регистарот на вистински сопственици. Од друга страна, јавните набавки во земјата постојано се поврзуваат со широко распространета корупција и злоупотреби, сомнежи за договарање на фирмите и создавање вештачка конкуренција со што не може да се гарантира дека се добива најдобра вредност за потрошените пари. И во последниот извештај на Стејт департментот за Климата за инвестирање во Република Северна Македонија се наведува корупцијата (и непотизмот) во јавните набавки како проблем за инвеститорите“, се вели во објаснувањето за заложбата 1.1.

Таму стои дека (до август 2023 година) јавното објавување на вистинските сопственици е „незапочнато“.

Токму затоа, истата заложба е вклучена и во новиот, шестиот Национален акциски план, како 1.2 – Јавно објавување на имињата на вистинските сопственици на фирмите – понудувачи и на фирмите што имаат склучено договори за јавни набавки, за концесии (при Министерството за економија) и за воспоставување јавно приватно партнерство.

Заложбата се однесува на овозможување јавна достапност на податоците за вистинските сопственици, за почеток, за фирмите кои користат јавни средства, односно имаат склучено договори за јавни набавки, за концесии за експлоатација на минерални суровини, договори за концесија на детални геолошки истражувања, како и оние со склучени договори за воспоставување на ЈПП. Исто така, во насока на уште поголема заштита од корупција, а согласно светските трендови во оваа сфера, заложбата предвидува објавување на имињата на вистинските сопственици и на фирмите-понудувачи во постапките за јавни набавки.

 

Вистинските сопственици можат да го дадат клучот за трговијата со влијание

Огласувањето на вистинските сопственици оди рака под рака со транспарентноста, нешто што исто така се нотира во публикацијата на Фондација Метаморфозис. Таму се посочува дека иако институциите ја имаат подобрено транспарентноста во одредени аспекти, сè уште не се исполнети сите заложби од петтиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт и токму затоа некои од нив си го најдоа местото и во новиот, шестиот Национален акциски план.

„Во најголем дел од јавните институции кај нас, транспарентноста сè уште се сфаќа како ‘обврска’, најчесто ‘натурена однадвор’ и оттука и спроведувањето на оваа обврска и задоволувањето на барањата за транспарентност главно се реактивни, ад-хок и повремени“, вели Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации.

Институциите особено се неисполнителни при исполнувањето на обврските кои не се законски обврзни, но се меѓународно прифатени добри практики. Оваа „практика“ јасно може да се види во резултатите на испитувањата на публикацијата на Метаморфозис.

На пример, во резултатите за 2022 година Метаморфозис забележува пад кај министерствата од 75 отсто на 68,75 и пад од 24 на 16 отсто кај извршните органи во однос на објавувањето на годишен извештај за сите јавни набавки. Наместо да објават прегледен извештај, дел од институциите едноставно ќе го интегрираат делот „реализирани договори“ од порталот за јавни набавки, додека дел ќе напишат по некоја информација во нивните годишни извештаи за спроведување на планот за работа за таа година.

Од публикацијата на Фондација Метаморфозис „Процена на доброто владеење на извршната власт во Северна Македонија и во регионот преку Индексот на отвореност“

Но, се забележуваат и подобрувања кај министерствата и извршните органи по многу други основи, како што се објавувањето на плановите, повиците, одлуките и договорите за јавни набавки. Имено, Владата во заминување исполнила 12 од 13 индикатори според индексот на отвореност кога станува збор за јавните набавки (неисполнетиот индикатор се однесува токму на објавувањето на вистинските сопственици).

Транспарентноста и отчетноста треба да се сфатат како дел од редовното работење на институциите, нешто што треба да се прави системски, секојдневно, и паралелно со сите процеси во работењето, бидејќи тоа работење се прави поради граѓаните, а јавните информации треба да бидат и лесно достапни за нив. Таков е примерот и со објавувањето на вистинските сопственици на компаниите кои можат да дадат директни сомнежи за корупција и трговија со влијанија, но и лесно можат да се сузбијат доколку податоците станат достапни за јавноста.

 

Подготовката на текстот е дел од проектот „Транспарентност и отчетност на државните институции во РСМ“ кој го спроведува Фондација Метаморфозис со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество-Македонија

   

Најново

Неуспешен обид по 40-пат за конституирање на Собранието на Косово

Sase Ivanovski

СДСМ: Што ќе правите кога ќе ги промовирате сите проекти на СДСМ, патот Фариш-Дреново беше 90% направен

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде на страна на граѓаните кои на јавна сцена ќе бидат нападнати од носители на јавни функции, како Костадин Костадинов

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Ким Јонг-ун им оддаде почит на севернокорејските војници убиени во Курск, се проценува дека бројката е околу 1000

Sase Ivanovski

Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Sase Ivanovski

АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ: Денес ја презентираме нашата критичка анализа конОперативниот план за активни програми за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, објавен од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија

Sase Ivanovski

Уставниот суд го одби барањето на подносителката Билјана Ванковска- Цветковска која се жалеше дека е неуставно да им се ограничи минутажа на МТВ за политичките кандидати

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Уште две банки заинтересирани за финансирање на брзата пруга –– првото повлекување на средства е планирано за 2027 година

Sase Ivanovski

Сенатот го изгласа буџетскиот „мегазакон“ на Трамп, со одлучувачки глас на потпретседателот Џеј Ди Ванс

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска со отчет по повод една година од формирањето на Владата: Ги стабилизиравме јавните финансии, го намаливме јавниот долг и постигнавме економски раст над очекувањата

Sase Ivanovski

Специјалната известувачка на ОН: Израел води политика на апартхејд и геноцид

Sase Ivanovski

Во Турција набрзо ќе почне разоружување на ПКК

Sase Ivanovski

Зеленски одликува 226 украински војници

Sase Ivanovski

Германија финансира дронови за Украина

Sase Ivanovski

ШЕКЕРИНСКА ВО ПОСЕТА НА АТИНА НА СРЕДБА СО ЗАМЕНИЧКАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ КОЈА Е ПОРАНЕШНА АМБАСАДОРКА ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

Путин разговараше со Макрон: Украинскиот конфликт е директна последица на политиките на западните земји

Sase Ivanovski

Билатерална средба на МЕП Муртезани со новиот српски министер за европски интеграции, Старовиќ

Sase Ivanovski

ЕУ СО ГОДИНИ „УБИВА“ НЕКОИ ЗЕМЈИ ВО ЧЕКАЛНАТА Милановиќ вели дека е лицемерно да ѝ се ветува членство на Украина

Sase Ivanovski

„ПЕСКОВ ЗБОРУВА ВО ОРВЕЛСКИ СТИЛ“ Келог ги отфрли тврдењата на портпаролот на Путин дека САД го кочат мировниот процес

Sase Ivanovski

ПОМАЛКУ ГУЖВИ НА ТАБАНОВЦЕ, ОД ПЕТОК СТАРТУВА „ONE STOP SHOP“ Ќе се контролира само влезот на луѓе и на стоки

Sase Ivanovski

ГЕРО: Никогаш не би го кажал она што Драган Павловиќ Латас го кажал за таткото на струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов

Sase Ivanovski

Трамп размислува да го депортира Маск од САД

Sase Ivanovski

Иран го осудува одбивањето на Советот за безбедност на ОН и МААЕ да ги осудат израелските напади

Sase Ivanovski

ЕК демантира дека Фон Дер Лајен имала „долг“ разговор со Вучиќ во Севиља

Sase Ivanovski

Средба во Севиља на премиерот Санчез и Сиљановска – Давкова – теми за разговор ЕУ интеграциите и економска соработка

Sase Ivanovski

На паркинг во Скопје пронајден починат 40-годишник од струмичко

Sase Ivanovski

Наскоро игран филм за Дарко Панчев во продукција на „Петровски Брадрс“

Sase Ivanovski

Германски медиуми: Вучиќ се плаши од избори – ќе има уште апсења

Sase Ivanovski

На предлог на Министерството за здравство, Владата на денешната седница ја усвои информацијата за потребата од обемна реконструкција и доизградба на болничките капацитети во Штип и Тетово, изградба на нов здравствен објект во Кичево, како и инвестиции во опрема и дигитална трансформација на здравството на национално ниво

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Следната учебна година свидетелства во дигитална форма, два онколошки лекови префрлени во позитивната листа, Македонија ќе отвори две дополнителни ленти за излез на граничниот премин Богородица

Sase Ivanovski

Човекот кого го сметаат за ,,совест” на Путин го отпиша Вучиќ: Србите сакаат тој да си замине, неговиот легитимитет веќе не постои

Sase Ivanovski

БРАВО: МАМАС АЈВАР НА БИЛБОРД НА ТАЈМС СКВЕР ВО ЊУЈОРК

Sase Ivanovski

(Видео) Пожари во Валандово и Дојран, МВР испраќа хеликоптер за гаснење

Sase Ivanovski

СТЕФКОВСКИ: На покана на Амбасадорката на САД во Македонија, Н.Е. Ангела П. Агелер, вечерва присуствував на приемот организиран во Амбасадата на Соединетите Американски Држави по повод Денот на независноста – 4 Јули

Sase Ivanovski

ЗНАМ: СДСМ во паника по Конгресот на ЗНАМ: Катастрофален пораз на претстојните локални избори, национална казна!

Sase Ivanovski

Кос до Северна Македонија, Албанија, Србија, Босна и Косово: Имате 6 милијарди евра на располагање, парите ќе ги вратиме ако нема напредок

Sase Ivanovski

Македонија добива грант од 350 илјaди евра од ЕБОР за изработка на стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура

Sase Ivanovski

Милошоски: Менувањето на Уставот за Бугарија е само отворање на вратата низ која тие имаат намера да протнат уште десетина тешки барања

Sase Ivanovski

Мицкоски до Кос на Самитот во Скопје: Идентитетот не ни е само македонската кујна туку и Гоце Делчев, Шапкарев, Илинденското востание, браќата Миладиновци итн

Sase Ivanovski

Уапсена е скопјанка, со остар предмет и се заканувала на сосетката

Sase Ivanovski

ВЕЛИЧКОВСКИ: Кои домашни политичари ја ставале Северна Македонија во “српскиот свет” и што добиле за возврат?

Sase Ivanovski

Фудбалот е повеќе од игра: Првиот мини терен од компанијата Mozzart блесна во Охрид

Sase Ivanovski

Судот пресуди во корист на Костадинов и Струмица, водата била безбедна за пиење

Sase Ivanovski

АЈДЕ ДА И ПОМОГНЕМЕ НА ЛИДИЈА КОЈА СЕ БОРИ СО МУЛТИПЛЕКС СКЛЕРОЗА

Sase Ivanovski

Герасимовски со водњанци: Реконструирани 20 улици во општината, приоритет се безбедноста и подобра инфраструктура во маалата

Sase Ivanovski

Тошковски и Кондратович: Одлична соработка на полето на безбедноста, потпишан протокол за реадмисија и голема поддршка од Литванија на европскиот пат на Македонија

Sase Ivanovski

Почина 72-годишен пешак во Скопје, во него удри мотоциклист

Sase Ivanovski

Италија во следните три години ќе издаде половина милион визи за странски работници од земји надвор од ЕУ

Sase Ivanovski

Младите и евроскептицизмот: Над 40% со позитивен став кон ЕУ, но без верба во брза ЕУ интеграција на земјата

Sase Ivanovski

Клековски: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

Sase Ivanovski

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

Sase Ivanovski

ЛУЃЕ ПОЛЕКА ЌЕ СЕ ПОТЕПАМЕ Сообраќајка во Куманово, повредени две лица

Sase Ivanovski

Кос: Уставните измени се единствен услов за отворање на преговорите, идентитетот на Македонците не може никој да им го одземе

Sase Ivanovski

Уставниот суд ненадлежен за Предлог законот за независните кандидати, само ако стане закон може да стане предмет пред уставните судии

Sase Ivanovski

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Ќе продолжиме да ги следиме европските вредности не затоа што тоа ни го наложува некој, туку затоа што тоа е нашиот пат и избор

Sase Ivanovski

Рама: Никогаш не сме биле поблиску до ЕУ

Sase Ivanovski

СДК: ЈАС СУМ ОТРПНАТ, АМА СЕ ПОТРЕСОА МОИТЕ НАЈБЛИСКИ, ВЕЛИ ИГОР ЏАМБАЗОВ ПО ЛАЖНОТО ВИДЕО СОЗДАДЕНО СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДЕКА ИСТЕПАЛ ФАРМАЦЕВТИ

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: СИТУАЦИЈАТА Е СТРАШНА! Над 50% млади од Македонија се против ЕУ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Три автобуси и едно комбе опожарени во кочанската населба Оризари

Sase Ivanovski

Костовски: Максим Димитриевски е најголемо разочарување, лажен патриот и приврзок на Мицкоски

Sase Ivanovski

Филипче: Во Берлин ги бранев македонските интереси, го повикувам ВМРО-ДПМНЕ заедно да се бориме амандманот да не помине

Sase Ivanovski

ВАШИОТ ИДЕНТИТЕТ СЕ МАНАСТИРИТЕ, ПОГАЧАТА, ПИНЏУРОТ И ПОЛНЕТИТЕ ПИПЕРКИ И ТОА НЕ МОЖЕ НИКОЈ ДА ВИ ГО ОДЗЕМЕ, КАЖА ЕВРОКОМЕСАРКАТА МАРТА КОС

Sase Ivanovski

КОСТА СОЧУВСТВУВАМ СО ТЕБЕ И ТВОИТЕ ЕМОЦИИ ЗА ТВОЈОТ ПОЧИНАТ ТАТКО, НО ТЕ МОЛАМ ИЗВИНИ МУ СЕ НА ЛАТАС И ИЗВЛЕЧИ ОД ОВА ПОУКА, ТИ СИ МЛАД ПОЛИТИЧАР КОЈ ТРЕБА ДА УЧИ ОД ГРЕШКИТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЛОН МАСК: САД се пред банкрот и сите се прават мутави, само на камати за кредити САД плаќаат годишно 1000 милијарди долари

Sase Ivanovski

ТОШКОВСКИ ИМ СТЕГНА КРИВИЧНА: Директори на Националниот парк Маврово, локални функционери на ВМРО ДПМНЕ, украле 50 илјади евра од буџетот

Sase Ivanovski

КОСТАДИНОВ ОБЈАВИ ФОТКА ОД СВОЈОТ ПОЧИНАТ ТАТКО: Од него го научив најважното: името на фамилијата не смее да се чепне, ниту да се осквернави

Sase Ivanovski

КОСТАДИН АЦЕВСКИ: Вечна слава на идеологот за слободна Македонија, Ѓорче Петров

Sase Ivanovski

Филипче: ЕУ го потврди она што го говори СДСМ – ВМРО ДПМНЕ ја става Македонија во заложништво на други држави

Sase Ivanovski

ЃОРЃИЕСКИ: Започнува исплатата за пензионерите во Кисела Вода – 1388 пензионери утре на своите сметки ќе добијат финансиска помош од 2500 денари!

Sase Ivanovski

Членство во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, истакна Кос

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГАЗДАТА НА СРПСКИ ИНФОРМЕР, ДРАГАН ВУЧИЧЕВИЌ ПОВИКА ПРОТЕСТАНТИТЕ ВО СРБИЈА ДА БИДАТ ПРЕТЕПАНИ И УАПСЕНИ

Sase Ivanovski

Ученици од Прилеп освоија второ место на Европскиот квиз на пари во Брисел во конкуренција од 70.000 натпреварувачи

Sase Ivanovski

РУСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ БИВШИ БОКСЕРИ ВО ТЕШКА КАТЕГОРИЈА СЕ СТРАВ И ТРЕПЕТ

Sase Ivanovski

ДЕНКО МАЛЕСКИ КАКО МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ВО 1992-РА ГО БРКАЛ ГЕРМАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ПО ТОАЛЕТИ ВО ХОТЕЛ ВО ХЕЛСИНКИ

Sase Ivanovski

Николоски: Планина поместивме да го изгрaдиме експресниот пат од Фариш до Дреново, од денеска го пуштаме за сообраќај

Sase Ivanovski

Предавникот од Вашингтон

Sase Ivanovski

БРАВО ДЕЦА: Четири бронзени медали и една пофалница за тимот од Македонија на 7. Балканска олимпијада по физика

Sase Ivanovski

Тошковски: Филмски уапсивме шверцери на дрога, марихуаната ја запленивме полицајците ќе ги наградиме

Sase Ivanovski

Притвор за 28-годишник, нападна доктор и полицајци

Sase Ivanovski
Вчитувам....