Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков и директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Илија Стоилев денеска остварија средба со градоначалникот на општина Свети Николе, Дејан Владев. На средбата се прецизираа конкретни чекори во насока на подобрување на капацитетите на општината за поголемо искористување на средствата од европските фондови кои се на располагање, а се разговараше и за тековните и идните проекти од областа на земјоделството и можностите за поддршка преку европските фондови. Посебен акцент беше ставен на развојот на руралните подрачја, унапредување на инфраструктурата и креирање на нови можности за локалните земјоделци.
Во рамки на посетата, делегацијата изврши и обиколка на трговско друштво од областа на месната индустрија во општина Свети Николе, кој е модернизиран и поддржан преку ИПАРД програмата. Посетата претставува добар пример за успешна примена на европските средства во развојот на локалната економија и поддршката на претприемништвото. Присутните соговорници ја потенцираа важноста на меѓу институционалната соработка и заедничките напори за поттикнување на одржлив развој на регионот. Средбата беше оценета како продуктивна, со јасна определба за натамошно зајакнување на соработката во интерес на граѓаните на општина Свети Николе и пошироко.