Особена чест и задоволство ми беше денес во името на Градски Трговски Центар А.Д. – Скопје да примам Признание од страна на Занаетчиската комора Скопје по повод 90 години од постоењето на оваа асоцијација која како стожер на занаетчиите на Град Скопје 90 години успешно го негува и унапредува занаетчиството и претставува стратешки партнер во зачувувањето на традицијата.
Им посакувам уште поголеми успеси и уште поуспешна соработка.