Доналд Трамп во четвртокот се закани дека ќе воведе огромни царини за европските алкохолни пијалоци како одговор на одмаздата на Европската унија против американските тарифи за челик и алуминиум, дополнително ескалирајќи ја трговската војна, која се чини дека излегува од контрола. Во објавата на мрежата Truth Social, Трамп рече дека неговата администрација ќе воведе царина од 200 отсто за алкохолните пијалоци од ЕУ, освен ако не ја укине царината од 50 отсто што европската влада ја воведе на американското виски во средата.
Трамп се закани со царини од 200 отсто за пијалоците и напад без преседан на ЕУ: Таа е непријателска, создадена за да ги искористи САД „Доколку оваа тарифа не биде веднаш укината, САД наскоро ќе воведат царина од 200 отсто за сите вина, шампањи и алкохолни пијалоци кои потекнуваат од Франција и другите земји од ЕУ“, рече Трамп и додаде: „Ова ќе биде одлично за бизнисите со вино и шампањ во САД“. Всушност, тој ја нарече ЕУ „една од најнепријателските и најзлоупотребливите даночни и тарифни власти во светот, создадена со единствена цел да ги искористат САД“ и ја опиша одмаздничката тарифа наметната на американскиот бурбон како „грда“.