Јованка Тренчевска, ФОТО\МИА
Стереотипите и предрасудите се најголемата причина зошто на пазарот на труд има јаз од дури 20,3 проценти помеѓу мажите и жените, вели министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Министерката вечерва гостуваше на Телма телевизија каде главен фокус на дискусија беше положбата на жените во Република Северна Македонија и високата стапка на невработеност, јазот на пазарот на трудот меѓу мажите и жените и предлог Законот за родова еднаквост како и неговите придонеси во унапредување на прашањето за родовата еднаквост во државата.
„Во Родовиот индекс кој што го промовиравме од неодамна и публикацијата „Жените и мажите“ бројките покажуваат дека најголем дел од неактивно население се жените. Тоа ја оневозможува државата да го искористи целосниот потенцијал на жените и максимално да го искористи човечкиот капитал во државата. Неактивноста на жените е 55,1%, за разлика од мажите кој изнесува процентуално 32,8%, додека родовиот јаз помеѓу мажите и жените на пазарот на труд е 20,3%. Причините ќе ги бараме во стереотипите, предрасудите и грижата на жените за домот и семејството, особено тоа е случај во руралните средини “ рече Тренчевска.