ТРЕНЧОВСКА: РЕНОВИРАНА КУЈНА ВО ГРАДИНКА ВО БЕРОВО 19/06/2023 15:49 Денеска ја посетивме детската градинка ,,23 Август” во Берово. Ова е градинка која вкупно со сите свои клонови обезбедува место за 380 деца. Направиме увид и на кујната која после 45 години беше реновирана, а функционира во склоп на градинката. Ми беше задоволство во склоп на мојата посета да ги проследам и изведбите на децата од градинката. Ваквите градинки кои се пример за успех и напредок се резултат на посветената работа на кадарот кој што е дел установата.