Триесет и деветгодишен штипјанец вчера во населбата Сењак се обидел да силува свештено лице. Настанот се случил откако попот и клисарот заѕвонеле на вратата за да направат претпразнично светење со вода, објавува локалната ТВ „Стар“. Според телевизијата, штипјанецот кога отворил врата видно се возбудил, го вовлекол свештеното лице во куќата и со голема сексуална страст го нападнал.
Од поголеми проблеми свештеното лице било спасено благодарение на присебноста и мобилниот телефон. Повикана била полиција и пожарникари кои ја скршиле вратата и него го извадиле надвор. По ова, напаѓачот бил приведен, а потоа му била укажана и лекарска помош. Од Брегалничката епархија не сакаат да го коментираат немилиот настан, но штипските полицајци го потврдуаваат случајот, дополнува во својата информација ТВ „Стар“.
Доброутро добренајдов ☕️🚬 pic.twitter.com/jSONrgMIQI
— В 𐙚🧸ྀི (@narodencoek) February 7, 2025