Триесет и едногодишен кумановец бил приведен по пријава дека следел и вознемирувал 27-годишна девојка.
– На 09.04.2025 во 12.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.К.(31) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека подолг период следел и вознемирувал 27 – годишна девојка од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово. Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
View this post on Instagram