Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, беше гостин во поткастот ,,ВМРО-ДПМНЕ зборува“ и детално ја претстави моменталната состојба и резултатите во земјоделскиот сектор, истакнувајќи дека при преземањето на функцијата затекнале целосно запуштен систем кој барал темелна обнова. Тој нагласи дека со конкретни мерки стабилизирани се системите за наводнување, зголемено е производството и обезбедени се подобри услови за земјоделците во земјава. Според него, постигнат е рекорден откуп на земјоделски производи, подобрени цени, зголемен извоз, а Владата е насочена кон поддршка на младите земјоделци.
Имав чувство јас како министер, со промената на владата дека почнуваме, не од нула да го градиме системот во земјоделство, практично да го враќаме од минус состојба, да е во една позитивна нула“, рече Трипуновски.
Трипуновски ја посочи состојбата во која водостопанството било оставено од страна на претходната влада и ја спомена браната Калиманци, каде водата се испуштала без потреба, што подоцна создало проблеми со наводнувањето и производството на ориз. Тој додаде дека имало необновени системи за наводнување, притоа и без никакви инвестиции, а потсети и дека во тоа време имало голем недостиг на грозје, родот бил преполовен поради недостиг на вода. Тој посочи дека за разлика од тогаш, денес состојбата е променета.
„Кавадарци и Неготино и во делот на Росоман и Градско имаат доволна и навремена количина на вода и затоа и оваа година очекуваме многу поголем род. Се работеше макотрпно се издвојуваа и сериозна сума на финансиски средства за да се одобри целиот процес и да се придвижиме напред“, вели Трипуновски.Тој нагласи дека Владата обезбедува поддршка за малите винарии и дестилерии на транспарентен и законски начин преку Платежната агенција, за разлика од претходните непрегледни практики. Според него, лани биле постигнати рекордни откупни цени за винското грозје, а бербата поминала без проблеми.
„Во моментов тече објава за поддршка на малите семејни винарии и дестилиери, коишто од државата ќе добијат грант и овој пат за разлика од минатото тоа се прави во еден нормален и законски начин односно преку платежната агенција ќе имаме следливост на средствата. Минататa година Владата на ВМРО-ДПМНЕ постигна највисоки откупни цени на вранецот и смедеревката. Бербата помина без ниту еден крик на еден лозар“, кажа Трипуновски.
Трипуновски истакна дека постигнати се значителни резултати со откупувачите и земјоделците во откупот на тутунот и јаболката, а и обезбедени се рекордни цени, исплатени се 40 милиони евра субвенции за тутунарите, а загарантирана е и минимална цена за јаболката.
„Првиот сегмент е во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи. Заеднички постигнуваме нешто што во минатото било мисловна именка. Рекордна цена откупот во делот на откупот на тутунот и од страна на купувачите коишто ја покренаа цената и ние како држава излеговме дополнително. Министерството за финансии исплати 40 милиони евра субвенција кон тутунарите во еден ден, со еден клик. Откупена е сериозна количина на јаболка, каде што заедно со откупувачите, со земјоделците направивме договор цена којашто не смее да биде под она што заедно утврдивме и таму имавме навистина едно задоволство од самите градинари, тоа го бележи и ДЗС во делот на извозот на овој бренд“, вели Трипуновски.
Според Трипуновски, со координирани напори на Владата, инспекторатот и министерството, цените на земјоделските производи се покачени на историско ниво, а интервенциите со субвенции, особено за јачменот, доведоа до зголемени површини и производство, а истото важи и за пченицата. Тој дополни дека овие мерки го враќаат домашното производство и обезбедуваат рентабилни цени за земјоделците, што претставува стабилен стимул за идната сезона.
„Со многу работа заедно со инспекторатот, како Влада, како министерство, ги изменаџиравме процесите за да поткренеме цената којашто практично е на едно историско ниво. Минатата година интервениравме и со дополнителна субвенција на јачменот, каде што оваа година резултира со зголемување на површините со јачменот. Има зголемување и во делот на пченица како стратешка култура, значи оваа година ќе имаме зголемен род. Ја враќаме државата на патеките каде што можеме сами да си дозволиме домашното производство“, потенцираше Трипуновски.
Тој кажа дека вложени се средства за санација и активирање на уништените системи за наводнување и се исчистила каналската мрежа, а навреме започна сезоната на наводнување. Според него, процесот успешно бил менаџиран, системите се стабилизирани, што директно влијае врз количината и квалитетот на земјоделското производство.
„Управата за водостопанство и акционерското друштво АД Водостопанство во текот на зимскиот период обезбедивме средства за резервни делови да се стават во функција сите системи коишто беа уништени во изминатиот период. Се чистеше каналската мрежа, се санираа одредени сегменти за системите на наводнување, за да дочекаме 15 април како почеток на сезона за наводнување, спремни и тоа се случи. Како прва година Влада успеавме да го изменаџираме процесот, да ги стабилизираме системите за наводнување. Ова го кажувам како успех затоа што многу и директно влијае во делот на производството на храна и на земјоделски производи. Првично за квантитетот на производство, а второ за квалитетот. Во овој сегмент на наводнувањето средивме кредитот од германската банка KFW, којшто има требало да се формира проектна единица за обнова на системите 4те системи во Република Македонија. Jа формиравме проектната единица го екипиравме целиот тим којшто сериозно го раздвижи тој проект, вели Трипуновски.
Трипуновски дополни дека во делот на легислативата, се спроведоа брзи измени на закони и подзаконски акти за поефикасно уредување на земјоделскиот сектор и овие чекори, заедно со навремена исплата на субвенции и јасен приоритет на земјоделците, покажуваат сериозен и практичен пристап.
„Третиот сегмент е во делот на легислативата. Сите оние закони подзаконски акти коишто значат доуредување на процесот на затварање на одредени отворени прашања, регулација на системи практично на една брза лента дел преку пратениците коишто иницираа измени, дел преку Владата. Ова поместување во една позитива изминатива година дена може да се осети во секој сегмент, покрај овие три први столба и во делот на она што значи сериозен пристап, ставање во приоритети на Владата и министерството кон земјоделците. Праќаме сигнал дека навистина она што сме го зборувале како опозиција сега ни е приоритет. И Владата и министерството во наредниот период ќе продолжат со континуирана навремена исплата на субвенциите коишто значат сериозна поткрепа во оној земјоделки сегмент“, кажа Трипуновски.
Трипуновски дополни дека иако земјоделскиот сектор бил затекнат во лоша состојба, сега сликата е значително подобрена и Владата активно работи на адаптација кон поттикнување млад земјоделски кадар и поддршка преку јавни повици.
,,Во моментот имаме јавни повици коишто се ставени на располагање на земјоделците. Го намаливме прагот на прифатливи поени што ќе значи одобрување на апликацијата. Во моментот тече апликација за механизација, трактори во делот на земјоделците каде што исто така младите имаат приоритет. Имаме јавен повик за приклучна механизација, јавен повик за антифросистеми во борбата против климатските промени, антифросистеми, системи за мрежи против штетното зрачење од Сонцето. Сериозни сет на објави. Се ставаме како држава на располагање да им помогнеме финансиски, со прифатлив бизнис план од другата страна“, заклучи Трипуновски.