Почитувани елитисти од власта во заминување бледи ви се пресконференциите со кои сакате да презентирате наводен успех и реформи во земјоделството! Им ветувавте живот, а им донесовте беда и сиромаштија! Наместо денес да изнесувате лаги и манипулации Ве повикувам да кажете кога планирате да ги исплатите дополнителните субвенции за ланската пролетна зелка? Кога ќе направите поврат на данокот од 2% кој не е исплатен третта година по ред? Кога ќе ги исплатите обештетувањата од природните непогоди?
Ве повикувам да кажете колку нови трактори им поделивте на земјоделците? Дали и зошто не се исплатени грантовите за млади земјоделци ? Зошто го уништивте АД Водостопанство кое управува со најбитниот ресурс -водата? Со вашите погрешни политики Македонија од извозно ја направивте речиси целосно зависна од увоз на храна!!! Нo, се има почеток и крај, а крајот на вашето криминално и расипнично владеење се гледа, а потоа доаѓа вистинската грижа за земјоделците!