Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во интервју за Радио Слободна Европа објави дека Министерството се наоѓа во завршна фаза на подготовка на специјална кампања за промовирање на домашното производство.„Ние веќе сме во завршна фаза за една посебна кампања која ќе ја водиме како Министерство, како Влада. Станува збор за кампања преку која ќе го промовираме домашното производство”, истакна министерот.
Според министерот Трипуновски, секој производ што граѓаните ќе го купуваат ќе биде јасно обележан дали е увезен или е со македонско потекло. – „Дополнително ќе работиме на кревање на јавната свест дека ако купуваме производи од домашно производство, ја помагаме домашната економија и го помагаме македонскиот земјоделец кој ќе биде дополнително стимулиран за неговиот труд”, објасни министерот.Министерот посочи дека со оваа кампања се очекува зголемување на домашното производство. – „Статистичките податоци кои ги објави Државниот завод за статистика, може да се согледа дека за една производна година имаме период на раст во делот на земјоделското производство, а тоа значи дополнителен девизен прилив во државата”, посочи Трипуновски.Според податоците на Државниот завод за статистика, во првиот квартал од годинава во откупот и продажбата на земјоделски производи се бележи значителен раст кој се движи од 10 до максимални 50 отсто.Во интервјуто министерот нагласи дека целта е Македонија да не биде увозно зависна земја, туку да го зголеми сопственото производство.