20.8 C
Скопје
09/05/2025 12:41
МАКТЕЛ

     

Три големи трагедии, ниту еден правосилно осуден виновник

      

Во 2019 година загинаа 16 патници во неисправен автобус кај Ласкарци, во 2021 година, за време на ковид-кризата, изгореа 14 пациенти во модуларната болница во Тетово, а неколку месеци подоцна – 45 патници во автобус во Бугарија, кој поминувал граница со лажна лиценца. По неколку години низ судските лавиринти, за овие трагедии нема ниту еден правосилно осуден виновник. Додека се чека правда за овие несреќи, се случи најголемата трагедија во поновата историја. На 16 март, во импровизирана дискотека загинаа 59 млади луѓе. Несреќата за Ласкарци пред Апелација. Несреќата кај Ласкарци беше една од првите трагедии кога автобусот на „Дурмо турс“ изгуби контрола и падна во дупка покрај автопат. Деца не ги дочекаа родителите да се вратат од работа, а родители не ги дочекаа децата да се вратат од Скопје. Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, своите автобуси ги прегледувал во станица за технички преглед која е во негова сопственост. Законот тоа му го дозволувал оти биле различни правни субјекти, иако фирмите имале ист сопственик.

Фото: Архива на „Слободен печат“

На техничкиот преглед пред несреќата било утврдено дека сопирачките на автобусот функционираат делумно. Пет години по несреќата обвинетите не се правосилно осудени. На 25 јануари 2024, Кривичниот суд донесе првостепена пресуда со која на вкупно 39 години затвор ги осуди обвинетите. Возачот на автобусот Маноил Трифуновски доби најмногу – 14 години, а сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули – четири години, најмалку од сите обвинети. На шест години беше осуден Ремзи Мифтари, шеф на возниот парк на „Дурмо турс“, а на пет години затвор тројца вработени во техничкиот центар на истоимената фирма. Според одговорот што го добивме од Апелацискиот суд, предметот за „Дурмо турс“ од изрекувањето на првостепената пресуда каде што се постапува по жалби повеќе од една година се препраќа меѓу судовите и Вишото јавно обвинителство. На 2 април и 3 април ќе има јавни седници за предметот и се очекува првата правосилна пресуда за оваа несреќа. Предметот бил примен во Апелација на 22 октомври, односно девет месеци по првостепената пресуда. Во Вишото обвинителство стасал на 31 октомври истиот месец, а Обвинителството го вратило во Судот по повеќе од месец и половина. – При спроведување на жалбената постапка, предметот на 23.1.2025 година е вратен на првостепениот суд за отстранување определени неправилности, со цел непречено спроведување на постапката пред овој суд. Со оглед на временската рамка во која предметот бил задржан во првостепениот суд, судијата известител на 21.2.2025 година со писмо-ургенција се обратил до првостепениот суд за што поскоро постапување и повторна достава на предметот. Предметот е вратен на 28.2.2025 година, по што е извршено насочувањето по предметот на 4.3.2025 година и закажана е јавна седница за ден 2.4. и 3.4.2025 година, со почеток во 9 часот – велат од Апелација за „Слободен печат“. И покрај несреќата, автобусите на „Дурмо турс“ продолжија да возат, а по трагедијата во Кочани, компанијата беше казнета од Државниот инспекторат за транспорт, кој констатираше неправилности во нивни автобуси. За Модуларната немаше обвинение за Филипче и Анѓушев. Додека цел свет го тресеше короната, се случија две трагедии едноподруго. На 8 септември 2021 за неколку минути изгоре Модуларната болница во Тетово, а внатре изгореа 14 пациенти што се лекуваа од ковид-19. Дел од нив беа на кислородна поддршка, врзани за кревет и не можеа да избегаат од огнот.

Увид по пожарот во тетовската модуларна болница/ EPA-EFE/Georgi Licovski

   

Обвинителството утврди дека спој на кабел поради вклучен дефибрилатор било причината за пожарот. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија на продолжителниот кабел, на кој биле прикачени повеќе уреди. Иако на виделина излегоа и грешки во дизајнот на проектот и голем број прекршувања на законите, тогашниот министер за здравство Венко Филипче и претставник на компанијата „Брако“, која беше изведувач на модуларната болница во Тетово, не беа меѓу осомничените. Во обвинението се најдоа само медицинскиот и економскиот директор на тетовската клиника и дежурниот доктор. Докторот беше ослободен, а во јуни 2023 година, тетовскиот суд ги осуди условно обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за „тешки дела против општата сигурност“. Клиничката болница Тетово беше виновна за „предизвикување општа опасност“. Апелација го врати предметот на повторно судење. Судијата Јордан Велковски, кој го водеше предметот, се повлече поради здравствени причини, а на негово место седна судијата Реџеп Муса. Роднините на загинатите бараат одговорност и од поранешниот министер за здравство, Венко Филипче и поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, сопственик на „Брако“. Неколку месеци по несреќата во Тетово, на 22 ноември 2021, во Бугарија се запали автобус полн со македонски патници. За 45 живи изгорени патници, меѓу кои 12 деца, единствено вина се утврди кај двајца цариници и кај возачот на автобусот, кој, исто така, загина. Повеќе од 50 патници се враќаа од Истанбул кон Македонија.

Се водеше постапка против управителот на „Беса транс“Беким Хаџиу, со оглед на тоа што автобусот што изгоре ја поминувал државната граница дури 135 пати со подметната лиценца. Газдата на „Беса транс“ треба да се појави пред судот на 4 април. Тој пред Кривичниот суд беше обвинет на една година и осум месеци затвор, затоа што од јануари до ноември 2021 година, во 20 наврати, искористувајќи ист траен однос, исти околности и слични околности, преку возачите што управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејства и употребувал како вистинска, лажна јавна исправа – извод од лиценца за вршење јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај. Обвинителот Владимир Милошевски, кој го застапуваше обвинението пред Судот рече оти е задоволен од исходот на судскиот процес бидејќи Судот во целост го прифатил обвинението и теоријата за случајот на Основното јавно обвинителство Скопје и рече дека процесот кој се водел не бил за причините за несреќата. Апелација во декември 2024 го врати случајот на повторно судење, а Хаџиу треба да се појави пред судот на 4 април. – Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје е укината со пресуда на Апелацискиот суд Скопје, во која се наведени причините за прифаќање на жалбите на одбраната, а која пресуда е достапна на веб-порталот. По враќањето на пресудата, оформен е предмет со за кој е насочена расправа на 4.4.2025 година – велат од Кривичен за „Слободен печат“.

Судење за запалениот автобус на Беса Транс/Фото: МИА

Поранешната јавна обвинителка Вилма Русковска истражуваше и поврзаност на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски со станицата за технички преглед „Виа комерц“, каде што спорниот автобус бил проверуван, но случајот беше затворен без кривична одговорност. По трагедијата во Кочани, премиерот Христијан Мицкоски најави отворање на сите претходни случаи и дека ќе се оди докрај за да се утврди што точно се случувало. – Очекувам Обвинителството многу јасно да ја прошири истрагата и да го идентификува не само возачот на автобусот или управителот на правното лице, туку да видиме во кој испитен центар кажале дека тој технички е исправен, кој ја дал да тој испитен центар функционира така што функционира. Зошто во модуларната болница е променето министерството од едно во друго, кога е правена јавната набавка, зошто кабелот е виновен, кој го направил проектот и дали можеби недостигаат некои елементи, таму каде што мислам дека недостигаат. За сето ова ќе има одговор, ќе има разврска – најави Мицкоски.

    

Најново

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода велешанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал три сообраќајни незгоди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

Sase Ivanovski

СДСМ: Убиствата станаа секојдневие, Тошковски нема контрола над безбедноста

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки и финансиска поддршка е партнер на општините во Македонија

Sase Ivanovski

Ристески: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува во спортската инфраструктура

Sase Ivanovski

Герасимовски: Со градинката Пролет поставивме нови стандарди за детска грижа во Центар

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: МЗШВ се грижи за земјоделците и руралниот развој во Македонија, доделени се договори во вкупен износ од 10.094.050 денари на 54 здруженија

Sase Ivanovski

Здружение на класични филолози „Антика“: Државен натпревар по класични јазици

Sase Ivanovski

СДСМ: Максим Димитриевски си ги сруши сите изборни ветувања со еден корупциски скандал – тој е минато

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Струга за издржување казна затвор од две години и девет месеци

Sase Ivanovski

Герасимовски: Фотоволтаиците на ООУ „Киро Глигоров“ чекор до енергетски независен Центар

Sase Ivanovski

Филипче: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

Sase Ivanovski

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski
Вчитувам....