Босна и Херцеговина денес беше погодена од врвот на топлотниот бран, а Сараево, Добој и Тузла влегоа во историјата како градови што го забележаа најтоплиот јунски ден откако започнаа официјалните метеоролошки мерења. Според податоците објавени од босансото метео, во Добој денес се измерени 38,2 степени, што е за 0,2°C повисоко од претходниот рекорд поставен на 24 јуни 2021 година (38,0°C). Тузла забележа уште поизразени промени, каде што температурата достигна 37,7°C, надминувајќи го стариот рекорд од 2007 година за половина степен. И Сараево денеска го забележа најтоплиот јунски ден во својата историја. Според официјалните мерења, во сенка во Бјелаве се измерени 38,8°C, со што е соборен претходниот рекорд од јуни 2021 година, кога беа измерени 38,3°C.
„Сите овие податоци доаѓаат од официјални мерни станици на државните хидрометеоролошки институти. На директна сончева светлина, топол бетон и асфалт, температурите се многу повисоки, а кога се додава висока влажност на воздухот – субјективното чувство надминува 50°C“, предупредува босанското Метео.
Експертите советуваат да се избегнува престој на отворено во најжешкиот дел од денот, редовно да се пијат течности и секогаш кога е можно да се престојува во климатизирани простории.