Паркирањето во Општина Центар за време на велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. Утре, во недела и во понеделник граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, со исклучок на паркиралишта „Дилајла“ и „Трготекстил“.
Од ПОЦ информираат дека согласно програмата за неработни денови за 2025 година, сабота, 19 април, е работен ден и следствено на тоа паркиралиштата со кои стопанисува ќе работат со вообичаено работно време. Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 22 април, во вторник, со вообичаено работно време.