Како што официјално е наведено во техничката спецификација, вечерата ќе вклучува тропски ракчиња, димена патка, шафранова паеља, специјално маринирани зеленчуци, печен анасон и лубеница, жолт домат мариниран со босилек, ананас и папаја, школки, арборио ориз со шафран, црвен дабов лист…
Македонската радио-телевизија (МРТВ) организира високобуџетна вечера за гостите од Европската радиодифузна Унија (ЕБУ). Менаџментот планира да потроши стотици евра само за сирење, додека вкупниот буџет за вечерата сè уште не е познат. Едно од луксузните сирења на менито е Big Woods Blue, скапо сино сирење чија цена може да достигне и 100 евра за килограм.
Како што официјално е наведено во техничката спецификација, вечерата ќе вклучува тропски ракчиња, димена патка, шафранова паеља, специјално маринирани зеленчуци, печен анасон и лубеница, жолт домат мариниран со босилек, ананас и папаја, школки, арборио ориз со шафран, црвен дабов лист… Настанот треба да се одржи на 5 мај годинава и ќе трае неколку дена, што значи дека вкупните трошоци можат да достигнат илјадници евра.