Претседателката на државата денес требаше да достави до Собранието предлог за нов гувернер на Народната банка, за кој, според најавите, требаше ќе се одлучува утре на пленарна седница, но според последните информации, на претседателката Гордана Сиљановска Давкова а ќе и требаат уште неколку дена за да размисли кого ќе предложи од кандидатите со кои вчера имала средби. Претседателката вчера имала одвоени средби со актуелната гувернерка Анита Ангеловска – Бежоска и со поранешните министри за финансии од владите на Никола Груевски, Зоран Ставрески и Трајко Славески, потврдија од Кабинетот на Сиљановска-Давкова. Тие се најсериозни кандидати за нов гувернер кој ќе ја води Народната банка во следните седум години. Екс вицегувернерката Маја Кадиевска-Војновиќ до неодамна се најде во потесниот избор, но отпадна поради понискиот рејтинг.
Гувернерот се бира на предлог на претседателот на државата, во случајов тоа е претседателката Гордана Силјановска Давкова, а се избира во Собранието на Македонија, за што се потребни 61 глас, односно мнозинство од вкупниот број пратеници во Собранието на Македонија. Според Законот за Народна банка, доколку не се изгласа предлогот доставен од претседателот на државата до Собранието, актуелниот гувернер продолжува со извршување на функцијата, се до изборот на новиот гувернер. Петгодишниот мандат на сегашната управителка Анита Ангеловска Бежоска, која стапи на должност на 22 мај 2018 година, завршува на 21 мај. “Има неколку кандидати и најважно е да не дојде до тоа да не биде избран кандидат”, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова минатата недела, најавувајќи дека денес ќе го достави предлогот за наследник на Ангеловска-Бежовска.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, претходно соопшти дека за позицијата гувернер конкурираат исклучително искусни кандидати, за кои е уверен дека ќе ја зачуваат макроекономската стабилност. Еден од предусловите за поддршка на кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ и Владата, според Мицкоски, е строго бранење на фиксниот курс на денарот.
“Веќе имавме разговори со претседателката во понеделникот на оваа тема, очекувам да ги продолжиме, до крајот на неделата ќе биде јасна позицијата. Очекувам в понеделник да биде информирано Собранието, на 20-ти ќе има седница, разговарав со претседателот на Собранието за дополнување на дневниот ред на 20, така што рокот ќе биде испочитуван”, рече Мицкоски минатата недела на новинарско прашање. Пред Ангеловска Бежоска, функцијата управител на централната банка ја вршеа Димитар Богов (2011-2018), Петар Гошев (2004-2011), Љубе Трпески (1997-2004) и Борко Станоевски (1986-1997).