Пожарот избувнал на приземјето од болницата „Маријан“ во текот на ноќта, пред да се прошири на првиот кат. Пожарот наводно избувнал во геријатриското одделение на болницата, што е специјализирано за нега на постари пациенти. Причината за пожарот е непозната, како и обемот на штетата.
-Пожарникарите спасуваа луѓе низ прозорците. Во спасувањето учествуваа околу 160 спасувачи. Пожарот е изгаснат, а делови од зградата се евакуирани, изјави портпаролот.Болницата има околу 600 кревети и лекува приближно 93.000 пациенти секоја година.