Актуелни началници на ОВР Кочани кои биле на функција кога се случи пожарот во Кочани во кој загинаа 62 млади луѓе биле повикани на распит во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција каде што се води истрагата за полицајците.
„Слободен печат“ дознава дека на распит биле повикани Томо Донев – началник за криминалистички работи во Кочани, Марија Маневска, началник на ОВР Кочани и Кристина Јованова, главен инспектор за економски криминал. Овие имиња беа споменувани во јавноста како актуелни началници за време на трагедијата, кои не се меѓу обвинетите во истрагата.
Од Обвинителството за гонење на организиран криминал ниту ја потврдуваат, ниту ја демантираат информацијата, со оглед на тоа што одделението кое е надлежно да постапува за кривични дела кои се извршени од лица со полициски овластувања и е дел од Организиран криминал, сè уште ја води истрагата за полицајците осомничени за трагедијата и сите инволвирани може да бидат повикани на распит. Повеќе на слободен печат мк