Основното јавно обвинителство во Гевгелија издаде наредба спроведување истражна постапка против три луѓе, осомничени за продажба на дрога.
Според соопштението на Обвинителството, двајца од осомничените се жители на селото Стојаково, додека пак третиот е од Валандово. Имено, осомничените учествувале и посредувале во продажба на околу пет килограми марихуана која ја набавил првоосомничениот. Три килограми од дрогата биле наменети да се продадат на купувач од Грција за сума од 9.000 евра.
Во обид да ја продадат дрогата на локација во Дојран, тие биле затекнати од полицијата, по што на местото биле уапсени двајца од осомничените, а третиот избегал, но брзо потоа и тој бил приведен. Дополнително, во околината на Богданци е пронајдена преостанатата дрога која исто така им била наменета за продажба. -Со образложение дека осомничените би можеле да се дадат во бегство, да ја попречуваат истрагата со влијание врз сведоците или соучесниците, да ги сокријат или да ги уништат трагите од кривичното дело, но и дека ќе го повторат делото за кое се гонат, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за сите тројца осомничени- соопштија од Обвинителството.